Европа
Русија ја обвини ЕУ за правење 'сфера на влијание' во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и’ префрли во петокот на Европската унија дека сака да создаде „сфера на влијание“ во Украина, каде што последните три месеца се одвиваат протести против актуелната украинска власт, мешајќи се во внатрешните работи на земјата.
„Влечејќи ја Украина на една страна и говорејќи и’ дека мора да избора на оваа или на онаа страна, дека мора да биде со Европската унија или со Русија, (Унија) всушност покажува дека сака да создаде сфера на влијание“, изјави во петокот во Москва, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на заедничката прес конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнамер.
„Ми изгледа дека не е во ред, не е сосема пристојно, кога зборуваме за слободата на изборот, секојдневно да се испраќаат емисари. Доаѓаат во Киев без покани и сакаат да ги убедат украинските челници да се решат за она што го промовираат Европската унија и САД“, додал Лавров кој повеќепати досега го обвини Западот за мешање во внатрешните работи на Украина.
Шефот на руската дипломатија, исто така, рекол дека Русија не се противи на надворешните напори за посредување во Украина, но само доколку самите власти и опозицијата тоа го бараат.
Со украинската криза настапи и „моментот на вистината“ за врските меѓу Европската унија и Русија, оцени во четвртокот рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, обвинувајќи го Западот дека врши некоректен притисок врз Киев, во коментарот во Комерсант.
„Разговаравме за ситуацијата во Украина. Русија и Германија се залагаат што начинот за надминување на политичката криза треба да го најдат самите Украинци, и тоа е во интерес на украинскиот народ. Се надеваме дека и другите партнери на Украина ќе го следната истиот пристап“, истакнал Лавров.
Штајнмаер, пак, оцени во интервју за московскиот дневен весник Комерсант од петокот дека „ескалацијата на ситуацијата во Украина никому не е во интерес во разговор за рускиот дневен весник Комерсант во петокот, повторно истакнувајќи ја важноста од дијалогот со Русија.
Русија и Германија се застапуваат за тоа дека патот за деблокирањето на политичката криза во Украина треба да го сторат самите Украинци, истакнал Лавров на средбата со колега Штајнмаер.
Според Штајнамер, „сега сé зависи од спротиставените страни во Киев“, каде што се забележуваат „чекори едни кон други, за да се поправи ситуацијата“. „Меѓутоа главното претстои, тоа е работата на изменување на уставот“, додал шефот на дипломатијата на Германија.
Зборувајќи за позициите на Русија и Европската унија во однос на ситуацијата во Украина, Штајнамер истакнал „дека не може да се зборува за обезбедување на какви и да се сфери на внимание, ние мораме да има дадеме на самите Украинци да го изберат патот за својата иднина“.
Во петокот германскиот весник Bild објави дека на 17-ти февруари в Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретне со лидерите на украинската опозиција, Виталиј Кличко кој ја предводи партијата УДАР и Арсениј Јаценјук на Баткившчина (Татковина), и притоа тоа го карактеризира како „дипломатска офанзива на Меркел“. „Тоа е првото директно вмешување на германската канцеларка во кризата во Украина“, истакнува Bild.
Од кабинетот на Меркел, пак, соопштија дека „во центарот на вниманието ќе биде натамошниот развој на внатрешнополитичката ситуација во Украина“. Германските медиуми истовремено истакнуваат дека украинските опозициски челници во Берлин ќе допатуваат по покана од германската канцеларка.
Весникот напомнува и дека Ангела Меркел последните седмици повеќепати телефонски разговараше со украинскиот претседател Виктор Јанукович, предупредувајќи го за примената на сила против демонстрантите. Исто така, пишува Bild, шефицата на германската влада досега „се однесувала воздржано“ во однос на настаните во Украина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

