Европа
Рим го пречекува со плакати за Путин 'несаканиот гостин' Обама
Плакати со поддршка на рускиот претседател Владимир Путин и против посетата на американскиот претседател Барак Обама се појавија во италијанската престолнина Рим во предвечерјето на официјалната посета на американскиот челник.
На големите плакати во боите на руската тробојка е истакната паролата „Ние сме со Путин, Обама е несакан гостин. 27-ми март 2014″. Автори на оваа акција се шест крајно десни италијански организации (Рома Норд, Европското социјално движење, Против времето, XX Флота, милитантните активисти Формело и Остиа), коишто соопштија дека за нив претседателот Барак Обама го претставува американскиот империјализам кој ги казнува сите оние коишто не ги прифаќаат „неговите воинствени ставови, како што во моментов се случува со Русија”.
„Како одговор на сатанизацијата на Путин и на руските политичари, можеме да се потсетиме дека Европа во моментов е окупирана од 110 илјади американски војници, на нашата територија се наоѓаат 170 американски бази и ние нема право на глас во надворешната политика, доколку тоа не се прави под диктатот на НАТО, а нашата економија страда поради фактот што нашите држави го имаат усвоено американскиот економски систем”, се наведува во извештајот на телевизијата RAI News 24, која ги цитира организаторите на овој протест.
Според италијанските медиуми, градската администрација ги преземала сите неопходни мерки за да се исчистат улиците на Рим од плакатите, особено по рутата по којашто ќе минува колоната со претседателот Обама.
Американскиот претседател на својата турнеја која започна на почетокот од седмицата во Хаг со учеството на самитот за нуклеарна безбедност и состанокот на челниците од Г-7, од каде Обама во вторникот навечер допатува во својата прва посета на Брисел каде се сретна со челниците на Европската унија и со генералниот секретар на НАТО, продолжува во четврток со посетата на Рим, каде лидерот на САД ќе води разговори со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано и со премиерот Матео Ренци, а потоа и со папата Франциск. Потоа Обама од италијанската престолнина е отпатува на последната дестинација од неговата турнеја, во Саудиска Арабија.
Посетата на американскиот претседател на Рим, како и претходно во Брисел, е проследена со вонредни безбедносни мерки. За одржување на редот и за безбедноста на Обама ангажирани се повеќе од илјада полицајци, несметајќи го обезбедувањето на американскиот претседател, а околу 50 специјални агенти ќе бидат притаени меѓу туристите по трасата по која ќе се движи колоната со високиот гостин. Над локациите на кои ќе престојува Обама ќе кружат беспилотни летала кои ќе ги прислушуваат телефонските разговори и ќе го попречуваат работење на електронски уреди.
Паркирањето на улиците во областа на американската амбасада во Рим е целосно забрането, а полицијата го казнува дури и паркирањето на локалните жители, Според италијанските медиуми, во четврток целосно ќе бидат затворени повеќе до 50 улици во Рим,, а една од најголемите знаменитости и туристички атракции на градот – римскиот Колосеум, половината од денот ќе биде затворена, односно резервирана за приватната посета на Обама. Покрај тоа, во очекувањето на високиот гостин, во областа на Ватикан градските комунални служби веќе го променија асфалтот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

