Контакт

Европа

Ештон ги осуди активностите на Десниот сектор и бара да го преде оружјето

Објавено пред

Шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон, бара радикалите во Украина да го предадат на властите целото оружје кое нелегално го поседуваат и ги осуди активностите на ултранационалистичкото движење Десен сектор чии неколку илјади приврзаници маскирани и вооружени ноќта кон петокот се заканија дека ќе ја заземат Врховната Рада (парламентот).

dobivaj vesti na viber

„Решително го осудувам притисокот на активистите на Десниот сектор кои ја опколија зградата на Врховната Рада на Украина. Таквото застрашување на парламентот им противречи на демократските начела и на владеењето на правото”, се вели во изјавата на високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.

Таа ја повика спомнатата радикална организација како и другите партии во Украина да се воздржат од примен на насилствата и заплашувањето. „Тие мора веднаш на властите да им го предадат сето нерегистрирано оружје”, се истакнува во соопштението.

Притоа Ештон посочува дека е неопходно да се спроведе независна истрага за неодамнешната смрт на еден од активистите на Десниот сектор Олександр Музичко, познат и како Саша Белиот.

Околу две илјади припадници на Десниот сектор, чии парамилитарни групи се проценува дека ги сочинуваат околу 10 илјади лица и кои се инфилтрираат во новите безбедносни структури на Украина, ноќта кон петокот се обидоа да влезат во парламентот, но потоа соопштија дека тоа ќе го сторат доколку не бидат задоволени нивните барања. Ова ултранационалистичко движење бара вршителот на должноста министер за надворешни работи Арсен Аваков и челните луѓе во полицијата и во специјалните единици „Сокол” да добијат откази и да бидат изведени пред суд. Нив милитантите ги сомничат дека го наредиле убиството на Музичко, кој наводно е осомничен за учество во организиран криминал, а по него Русија објави меѓународна потерница поради измачувања и свирепи убиства на руски војници во текот на Чеченската војна кога се борел на страната на кавкаските џихадисти.

Претходно во четвртокот извори од украинските безбедносни структури изјавија дека акцијата на украинските специјалци имала јасна цел да го ликвидира а не да го апси Музичко, бидејќи како припадник на Десниот сектор учествувал во февруарските насилства во Киев во кои загинаа стотина лица меѓу кои и десетици полицајци, и би можел да биде незгоден сведок за новите украински власти. Според соопштението на министерство тој загинал од сопственото оружје, иако бил врзан со „лисици”. Министерството за надворешни работи соопшти дека наскоро ќе ги објави дека сите аудио и видео записи за акцијата во која настрада Музичко./крај/мф/сн

Европа

(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки

Објавено пред

Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.

dobivaj vesti na viber

Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.

Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.

Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Објавено пред

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.

dobivaj vesti na viber

Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.

Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.

„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Објавено пред

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.

dobivaj vesti na viber

„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.

„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.

Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.

Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.

Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија10 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет12 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија15 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија18 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија18 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија20 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија20 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ22 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа23 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет23 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија2 дена

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија2 дена

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 дена

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...