Европа
Сакрози го призна поразот на прелиминарните избори во десниот центар на Франција
Поранешниот француски претседател Николас Саркози го призна во неделата вечерта својот пораз на предизборите на десниот центар во Франција, обраќајќи е со благодарност кон избирачите во неговиот изборен штаб во Париз.
„Не успеав да го убедам мнозинството гласачи. Ја уважувам и ја разбирам нивната волја за иднината на другите политички фигури, како и за мојата“, изјави Николас Саркози. Поранешниот француски претседател, исто така, порача дека има намера да го поддржи Франсоа Фијон, неговиот поранешен премиер, во вториот круг кој треба да го даде кандидатот на десниот центар за француските претседателски избори следната година.
„Ми се чини дека должен сум да кажам јасно, чесно и веродостојно, дека иако во минатото имавме несогласувања, токму Франсоа Фијон е во најдобра позиција од другите да ги разбере предизвиците коишто стојат пред Франција, и јас ќе гласам за него во вториот круг од прелиминарните избори“, изјави Саркози додавајќи дека „ќе ја даде целосната лична поддршка“ на кој и да е од двајцата кандидати кои ќе победат на крајот од овие избори.
Популарен во деловните кругови, Фрасоа Фијон игра на адутот на непопустливост со радикалните економски програми и конзервативните мерки, кога станува збор за општествените прашања.
Поранешниот претседател истакна признавајќи го својот пораз и честитајќи им на победниците во првиот круг, дека и Франсоа Фијон, и исто така поранешниот премиер Ален Жипе, за него претставуваат „влијателни дејци“ со кои тој плодно соработувал во неговото време.
„Многу го почитувам Ален Жипе, но политички ги претпочитам Франсоа Фијон кој ми е политички поблизок. Се разбира, гласачите коишто ми ја доверија својата доверба, слободни се во носењето на својата одлука, но барам од нив никогаш да не се ставаат на патот на крајностите – Франција заслужува многу повеќе од избор во полза на полошото“, додаде Саркози.
Гласањето во првиот круг од прелиминарните избори во Франција се одржаа во неделата. Вкупно за кандидат на десниот центар се натпреваруваа седум кандидати, шестмина од главната опозициска партија Републиканци и еден од Христијанско-демократската партија.
Предвидувањата се движеа меѓу два и четири милиони избирачи да учествуваат на десничарските предизбори. Можеа да учествуваат сите Французи со право на глас коишто ќе уплатат две евра, под услов да потпишат изјава со којашто потврдуваат дека ги споделуваат „републиканските вредности на десницата и центарот“.
Меѓутоа, имајќи го предвид влогот кој е во игра, некои симпатизери од левицата и од крајната десница се почувствуваа повикани да гласаат за да влијаат врз резултатот, односно да гласаат за кандидатот кој го сметаат за помала опасност за претставникот на нивната опција. Така, според француските медиуми на гласањето во неделата учествувале и околу милион симпатизери на владејачката Социјалистичка партија на актуелниот претседател Франсоа Оланд и на партијата на крајната десница Национален Фронт, на чијашто лидерка Марин Лепен анкетите во моментов ѝ даваат големи шанси да влезе во вториот круг од националните претседателски избори следната година.
Според првичните резултати, победил со поголема разлика Франсоа Фијон, кој досега освоил 43,9 отсто од гласовите. Второто место го освоил актуелниот градоначалник на Бордо, Ален Жипе со 27,9 отсто од гласовите, а Николас Саркози завршил на третата позиција со 21,4 отсто од гласовите.
Вториот круг од предизборите на француската опозиција ќе се одржат на 27-ми ноември. Претседателските избори во Франција ќе се одржат во април и во мај 2017 година. Според сегашните прогнози, токму кандидатот на десниот центар кој ќе биде потврден со овие предизбори, има најголема шанса за конечна победа на претседателските избори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

