Европа
Aвстријците не се задоволни од ЕУ
Австријците не се задоволни од справувањето со пандемијата од корона-кризата во ЕУ, покажува анкетата на Галуп, пренесуваат австриските медиуми.
Според овие податоци, 51% од Австријците веруваат дека ЕУ ќе излезе ослабена од оваа криза.
Сликата за Унијата, се посочува во анализата, е нарушена пред сè од доцнењето во набавката на вакцините.
Сепак, и покрај тоа, огромното мнозинство е за опстанок на ЕУ.
Само пет проценти од Австријците рекле дека ЕУ има „огромен придонес“ во надминувањето на кризата, а една четвртина оцениле дека придонесот е „голем“, додека 21 процент не гледаат никаков придонес, а 41 процент многу малку.
Повеќе од една третина од Австријците, што е 38 проценти, изјавиле дека имаат помала доверба во претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Што се однесува до набавката на вакцини, само 27 проценти ја гледаат причината во доцнењето на испораките во производните капацитети, а 48 проценти се на мислење дека Европската комисија лошо се наметнала врз фармацевтските проблеми.
Исто така, 47% се на мислење дека ЕУ наредила вакцини предоцна. Покрај тоа, 45% од Австријците сметаат дека ќе биде подобро ако државите сами се погрижат за набавка на вакцината.
И покрај сите критики, 58 проценти од Австријците сакаат опстанок на ЕУ, а ако се споредат резултатите со истражувањето во мај минатата година, поддршката за Унијата е зголемена за два проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

