Европа
AfD порача дека муслиманите не се добредојдени во Германија
Претставниците на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) во неделата ја претставија својата програма во којашто стои дека исламот не е споив со уставот на земјата и повикува на забрана на минарињата и бурките.
Десничарската Алтернатива за Германија (AfD) чијашто програма во најголема мера во последниот период покрај на напуштањето на еврото повеќе се заснова на противење на мигрантските политики на Меркел, основана во 2013 година, оствари добри резултати на трите регионални избори одржани во март црпејќи го поттикот и од сé пораширеното стравување во Германија кога земјата се справува со мигрантскиот енормен прилив, особено од муслиманските земји. За само три години паријата и покрај тоа што нема пратеници во сојузниот парламент во Берлин, освои претставници во половината парламенти на 16-те германски сојузни покраини.
Според истражувањата на јавното мнение AfD има поддршка од 14 отсто станувајќи сериозен предизвик на конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и другите етаблирани партии пред сојузните избори идната 2017 година. Сите тие исклучуваат каква и да е коалиција со AfD, која ја обвинуваат за клаустрофобија.
Во емотивната дебата на вториот ден од партискиот конгрес во Штутгарт, најголемиот дел од 2.000 делегати ги поздравија повиците од сцената да се воведат мерки против „исламските симболи на моќ“ и се потсмеваа на повиците на дијалог со германските муслимани.
„Исламот ни е туѓ и поради тоа не може да се повикува на начелото на верските слободи во ист степен како и христијанството“, изјави Ханс-Томас Тилишнајдер, пратеник на Afd од сојузната држава Горна Саксонија, на што доби бурни аплаузи, пренесува агенцијата Reuters.
Меркел вели дека слободата на верата за сите се гарантирани со германски устав, а повеќепати тврдеше дека исламот е дел од Германија.
„Исламот не е дел од Германија“ а минарињата, повиците од нив на муезините и покривањето на муслиманските жени „треба да се забрани“, одлучија делегатите на конгресот на AfD, се истакнува во извештајот на агенцијата AFP.
Речиси сите во салата ги исвиркаа умерените говорници коишто, на пример, повикаа „да се запре исламизацијата, но да се воспостави дијалог со исламот“. „Исламот всушност е политика!“, возврати еден говорник, додека друг предупреди на „шеријатот, бомбашките напади и присилните бракови“.
Околу две илјади левичарски демонстранти се судрија со полицајците во саботата додека настојуваа да го спречат одржувањето на првиот конгрес на AfD. Околу 500 лица се приведени, а десет полицајци се полесно повредени, изјави во неделата портпаролот на германската полиција.
Како и што се очекуваше, прашањето на идентитетот и религијата преовладуваше во дискусиите, а и најлибералното крило на партијата се заземаше за заштита на „западната христијанска култура“, однесувајќи се кон исламот како кон туѓо тело, изјави во својот говорот Јерг Меутен, портпаролот на партијата.
„Во летото 2015 година сите мислеа дека сме мртви“, потсети во саботата на отворањето на конгресот копретседетелката на партија Фрауке Петри изразувајќи задоволство од успехот на партијата која стана третата политичка сила во земјата.
Во желбата да „освои мнозинство“ во парламентите на сојузните држави како што ветува нејзиниот портпарол и домаќин на партискиот конгрес Јерг Меутен, ја дефинираше својата партија како мешавина од „модерен конзервативизам“, „голем либерализам“ и „здрав патриотизам заеднички за сите луѓе со добра волја“.
Повика да ѝ се сврти грбот на „Германија од 1968 година заразена од црвено-зелената левица“ и да ги вреднуваат „позитивните аспекти на германската историја на која се темели нејзиниот идентитет“, изразувајќи жалење што германската историја официјално „се сведува“ на нацизмот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

