Европа
AI: Хуманитарната криза во Грција, неуспех на европските лидери

Порастот на бројот на бегалци кои пристигнуваат на Егејските острови е оптоварување за веќе нарушениот систем на прием на мигранти и е одраз на неуспехот на европските лидери на адекватен начин да одговорат бегалската криза, предупреди Amnesty International пред денешниот самит на ЕУ.
Секој месец хуманитарната криза, подгреана со финансиската криза во Грција, дополнително се влошува, се наведува во извештајот на организацијата за човекови права.
Лошото планирање, неефикасната употреба на фондовите на ЕУ и кризата со вработувањето ги оставија грчките власти неспособни да ги исполнат потребите и заштитата на правата на бегалците, наведува AI.
„На десетици илјади лица од осетливи категории, кои се движат на опасно патување по морето, за да побегнат од војна и сиромаштија, пристигнуваат на грчките острови за да ги дочека систем на поддршка кој е на колена“, се вели во извештајот на Amnesty International.
Повеќето мигранти имаат ограничен пристап до медицинска и хуманитарна помош, а често се принудени да останат во пренатрупаните собирни центри или во отворени кампови, соопшти Џон Далхуисен, директор на АИ за Европа и централна Азија.
„Хуманитарната криза во Егејското море не е само грчка трагедија туку е производ на неуспешен европски миграциски систем. Должност на лидерите на ЕУ, кои е состануваат оваа седмица е да признаат дека е неподносливиот притисокот на државите од прва линија како Грција и Италија е производ на неуспешната миграциона политика на Европа“, рече Далхисен.
„Ефикасни решенија за соочување со глобалната бегалска криза и правичната поделба на одговорностите ширум ЕУ мораат веднаш да бидат примени“, додаде директорот на АИ.
Истражување на AI открива дека најмалку 61.474 бегалци стигнале на грчките острови во периодот од 1 јануари до 22 јуни 2015 година, што е далеку повеќе во споредба со целата 2014 година, кога бројката изнесуваше 43.500. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.