Европа
Американското шпионирање на француските претседатели го крена Париз
Веста дека американската Агенција за национална безбедноста (NSA) ги шпионирала тројцата последни француски претседатели Жак Ширак, Николас Саркози и Франсоа Оланд, најмалку во периодот меѓу 2006 и 2012 година, ја крена француската политика, а актуелниот претседател ја оцени како „неприфатлива“ ваквата американската политика кон Франција и се истакнува дека Вашингтон е должен да се придржува до своите обврски преземени особено по 2013 година, кога беше објавено дека тајните служби на САД масовно ги прислушувале телефонските разговори на милиони француски државјани.
„Франција нема да ги толерира делата кои претставуваат закана за безбедноста и заштитата на нејзините интереси“, се наведува во соопштението на Елисејската палата од средата, додека актуелниот претседател Франсоа Оланд се среќава дека најважните министри, команданти и пратеници, по извештајот на WikiLeaks дека САД го шпионирале него и двајцата негови претходници. Француски дипломатски извори наведуваат за медиумите дека по тој повод американскиот амбасадор во Париз е повикан да даде образложение во француското министерство за надворешни работи.
Станува збор за шпионски активности водени најмалку во периодот меѓу 2006 и 2012 година, односно тројцата последни француски претседатели Жак Ширак, Николас Саркози и Франсоа Оланд, произлегува од документите на основачот на WikiLeaks, Џулиан Асанж,кои во вторникот ги објавија дневниот весник Liberation и истражувачкиот портал Mediapart. Тие документи, коишто ги носат ознаките на највисока тајност, се состојат од пет извештаи на NSA и се однесуваат на прислушувани телефонски разговори на француските претседатели. Биле наменети за повеќе американски разузнавачки служби, забележува Liberation.
Најновиот документ го носи датумот 22-ри мај 2012 година, неколку дена пред стапување на Франсоа Оланд на претседателската должност, и се однесува на тајните состаноци околу евентуалното излегување на Грција од еврозоната. Во друг од 2011 година, се наведува дека Саркози е одлучен да ги обнови мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, можно и без учество на САД. Документ од 2010 година укажува дека француските функционери знаеле дека САД ги шпионираат, како и дека имале намера да протестираат за тоа.
Француски функционер за BBC изјави дека шпионирањето „меѓу сојузниците е неприфатливо“, најавувајќи дека претседателот Оланд за тој проблем ќе зборува и на состанокот на францускиот национален совет за одбрана. Советник на францускиот претседател изјави за AFP дека Оланд ќе одржи состанок на одбранбениот совет за „да се процени карактерот на информациите кои ги објавија медиумите во вторникот навечер и да се извлечат полезни заклучоци“.
„Тешко ни е да разбереме или да замислиме што го мотивира некој сојузник да ги шпионира другите своите сојузници, коишто по светските прашања често ги споделуваат истите стратешки прашања“, изјави портпаролката на француската влада Стефани Л’Фол за телевизијата i>TELE.
Интернет страницата на ткн „свиркач“ и основач на WikiLeaks, Џулијан Асанж се повикува на „строго доверливи разузнавачки извештаи и технички документи“ на NSA. Засега не е јасно дали станува збор за податоци коишто ги поседува поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден.
Во вторникот WikiLeaks соопшти дека започнува со објавувањето на тајните документи под називот „Елисејската шпионажа“, кои „директно произлегуваат од насочениот надзор на NSA на комуникациите “ на тројцата француски претседатели,, како и француски министри и амбасадорот на Париз во САД.
„Францускиот народ има право да знае дека владите избрани од нив биле подложени на непријателски надзор од страна на претпоставените сојузници. Горди сме на нашата соработка со водечките француски издавачи Liberation и Mediapart,коишто помогнаа да се осветли оваа епизода. Француските читатели може да очекуваат наскоро повеќе значајни откритија“, напиша во вторникот основачот Асанж.
Портпаролот на WikiLeaks, Кристин Храфносн во средата за BBC изјави дека иако нивното откритие дека NSA ги прислушувала телефонските разговори на германската канцеларка Ангела Меркел не ја вклучувало содржината, овој пот постојат тани извештаи. „Тоа покажува колку далеку NSA и највисоките функционери на САД се подготвени да одат“, рече.
Како одговор на наводите за истекување на документите, портпаролот на NSA, Нед Прајс изјави дека нема да коментираат одредени разузнавачки наводи. „Ние воопшто не спроведуваме никакво надворешен разузнавачки надзор, освен доколку не постојат посебни и оправдани причини поради заштитата на националната безбедност. Тоа подеднакво се однесува и на обичните граѓани и на светските челници“, рече Пеајс. Подоцна додаде дека комуникациите на претседателот Оланд „не се и нема да бидат“ цели, како и дека „NSA тесно соработува со Франција по сите меѓународно важни прашања“ и дека Французите се „незаобиколен партнер“.
Станува збор за втора афера во последните две години во која САД ги прислушуваат челниците на своите најважни европски сојузници. Доставените од „протекувачот на информации“ извештаи до медиумите од страна на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, кој за тоа во САД е обвинет за три дела во врска со шпионажа од јули 2013 година за огромниот обем на долгогодишното американско шпионирање на милиони германски граѓани, институции и функционери, па дури и самата канцеларка, предизвика гнев во Германија. Тогаш, со цел да ја смири јавноста, германските власти најавуваа дека со Вашингтон подготвуваат договор за меѓусебно нешпионирање, но според најновите сознанија тоа никогаш не било тема./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

