Европа
Апсења на исламисти во Германија
Германската полиција уапсила деветмина мажи осомничени дека ги поддржуваат милитатните исламистички групи во Сирија и извршила претреси на неколку куќи и станови во една од најголемите акции против исламистите во Германија,објави во средата германското обвинителство.
Во големата операција изведена во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија биле ангажирани повеќе од 240 германски полицајци.
Педесет иосумгодишниот Мирза Тамор Б. бил уапсени под сомнение дека прокриумчарил двајца милитанти од Германија во Сирија, додека 31-годишниот Германец Каис Б.О. под сомневање дека регрутирал тројца потенцијални џихадисти и им помогнал да заминат во Сирија, соопшти германскиот државен обвинител.
Осомничени се, исто така, дека испратиле повеќе од три илјади евра како помош за Исламската држава и на други радикални групи.
Според обвинителството во Келн, уште седум германски државјани на возраст меѓу 22 и 35 години се уапсени под сомневање дека краделе по цркви и училишта за да собираат пари за исламистите.
Полицијата извршила претреси во неколку десетици куќи и станови во неколку германски градови и се истражуваат уште 20 осомничени припадници на салафитите, приврзаници на крајно конзервативниот ислам кои се сомничат дека се дел од исламистичката мрежа Некои од осомничените се под истрага дека набавувале лажни пасоши за потенцијалните џихадисти кои сакале да заминат на боиштето во Сирија.
Германските власти проценуваат дека досега најмалку 450 лица заминале од Германија во Сирија, а околу 150 од нив се вратиле. Повеќето од нив се ставени под истрага.
Според Федералната служба за кривични дела на Германија (BKA), околу илјада луѓе во земјата се сметаат за активни поддржувачи на тероризмот, а 230 од нив во перспектива може да извршат терористички чин на германската територија.
На 18-ти октомври во Ахен, исто така во Северна Рајна-Вестфалија, биле приведени двајца осомничени членови на терористичките групи Исламска држава и Ахрар ал-Шам.
Берлин во последните месеци вложува големи напори за контрола на поврзаноста на локалните муслимани со терористите во Ирак и во Сирија. Според Ханс-Георг Маасен, шеф на Сојузната канцеларија за заштита на Уставот, која ја контролира работата на разузнавачките служби, смета исто така дека од почетокот на судирите во Сирија од март 2011 година „неколку стотици“ германски државјани зеле учество во борбите на страната на радикалните групи.
Според податоците на безбедносните служби, 10 отсто од оние германски државјани коишто заминале на боиштата во Ирак и во Сирија потекнуваат од христијански семејства и веднаш влегле во сферата на влијание на радикалните исламисти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

