Контакт

Европа

Австрија мака мачи со родната куќа на Хитлер

Објавено пред

Австриската влада ги испитува сите опции за да дојде до можноста да ја поседува родната куќа на германскиот нацистички челник Адолф Хитлер, за којашто сопственичката не води преголема грижа, и така конечно да ја надмине големата политичка главоболка.

dobivaj vesti na viber

Куќата во којашто се родил Адолф Хитлер е празна последните четири години, и тоа е видливо веќе однадвор. Мувлата се пробива на жолтата фасада, а излупени се и дрвените прозорски рамки. Во оваа куќа Хитлер е роден на 20-ти април 1889 година. Неговите родители Карла и Алојз во оваа куќа имале изнајмено апартман над локал кој сега е паб. Тука семејството живеело до 1892 година. кога се преселиле во Линц.

Куќата е приватна сопственост на Герлинда Помер. Таа се противи на настојувањата куќата да биде пренаменета, но австриската влада се’ повеќе ја притиска за да го реши ова политичко прашање.

Сопственичката на куќата во ноември 2009 година ја изложи на продажба со цена од 2,2 милиони евра. Помер тогаш изјави дека сака да ја продаде куќата која во времето кога се родил фашистичкиот водач ја поседувала нејзината фамилија. Таа својата одлука за продажба ја објасни како товар на минатото.

По оваа најава, австриските власти стравуваа дека куќата може да биде купена од неонацисти и да стане своевидно нивно „светилиште“. Тогашниот градоначалник на гратчето Браунау, Герхард Скиба, изјави дека би било идеално кога градот би можел да ја откупи куќата и така да се контролира нејзината иднина. Но градот немаше пари, па ѝ се обрати на владата во Виена да му помогне во решавањето на проблемот, но до денес овој проблем не е решен.

Република Австрија и градските власти на Браунау, инаку, ја изнајмуваат куќата од повлечената пензионерка од 1972 година. Државата и градот ја дадоа под наем на занаетчиска работилница за инвалиди. Тој потег беше многу симболичен, бидејќи хендикепираните лица биле системски прогонувани за време на нацистичкиот режим на Хитлер. „Сите користењето на куќата за таа намена ја гледаа позитивно“, вели Флориан Контанко од локалното здружение за современа уметност.

Меѓутоа, кога Помер подоцна во 2011 година одби куќата да се преуреди за потребите на лицата со хендикеп, работилницата се исели. „Нејзините мотиви не се јасни“, вели Контанко.

„Оставањето на куќата празна не е во интерес на министерството за внатрешни работи“, изјави неговиот портпарол Карл-Хејнц Грундбек. Пред една година министерството предложило во куќата да се смести центарот за обуки на возрасни лица и имигранти или локалната социјална служба, а дало понуда и да ја откупи. Сопственичката, меѓутоа, не одговорила.

„Мораме да ги прошириме опциите“, вели Грундбек, мислејќи на можноста на Плумер да ѝ биде одземено правото на сопственост врз куќата. Министерството задолжило правни стручњаци да ја испитаат таквата можност и следните неколку седмици го очекува одговорот.

Тоа, меѓутоа, законски би можело да биде многу тешко изводливо, освен, тврди водечкиот австриски професор по право, доколку Помер нема намера куќата да ја претвори во спомен дом на Хитлер или нешто друго што би го величало. „Не може само така некому да му се одземе правото на поседување“, изјави експертот за уставно право Хајнц Мајер за весникот Oberoesterreichische Nachrichten.

Брраунау, гратче со 16 илјади жители покрај границата со Германија, долго работи на тоа да се помири со фактот дека е родното место на Адолф Хитлер. Здружението на Котанко организира трибини и научни конференции, улиците го добиле имињата по жртвите на нацизмот и борците на отпорот, а каменот од блискиот концентрационен логот Матхаузен е поставен пред куќата како споменик. „За мир, слобода и демократија. Никогаш повеќе фашизам. Милионите мртви не’ опоменуваат“, стои на натписот.

Меѓутоа, куќата на Хитлер и натаму има голема улога во свеста на локалните жители, вели сегашниот градоначалник Хојанес Вајдбахер. „Нашата цел е да сториме се’ што можеме куќата да не стане место за аџилак на неонацистите“, додава.

Постојат идеи кои одат во спротивна насока. Антинацистичката група „Exit Deutschland“ предложи во куќата да биде сместен центар кои би ги убедувал и би им помагал на неонацистите да се откажат до своите убедувања и да ја напуштат крајната десница по примерот на слична програма којашто успешно се спроведува во Германија.

Меѓутоа, за спроведува на која и да е идеја во прв ред треба да биде решен проблемот со сопственичката. Освен одземањето на правото на сопственост, Австрија би можела да го откаже договорот за наем и така на Помер да ѝ ја скрати месечната рента од 4.800 евра, и да се стекне со предност во преговорите.

Возрасните жители сега се присетуваат дека постоела уште една опција којашто Австрија и градот Браунау ќе ги ослободела од овој товар. Имено, на крајот од Втората светска војна, во мај 1945 година американските единици го заземале Браунау. Доколку американците биле малку помалку ревносни во „чистењето“ на градот, последната единици на Вермахтот би можела да има време да ја исполни последната наредба на фирерот – неговата родна куќа да биде крената во воздух./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот

Објавено пред

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

dobivaj vesti na viber

НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.

„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.

Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.

НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.

Прикажи повеќе...

Европа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Објавено пред

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.

Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.

Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.

Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.

dobivaj vesti na viber

Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.

Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.

„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.

Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.

Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.

„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.

„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.

Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.

Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија4 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија5 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија5 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион5 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија6 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија7 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет7 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет7 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа8 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет8 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет8 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа8 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион18 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија18 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет20 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија24 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...