Европа
Австрија проценува дека влегле 20.000 бегалци, стотина ја пробија границата

Бројот бегалци кои викендов најверојатно влегле во Австрија ќе изнесува дваесет илјади, изјави портпаролот на тамошното министерство за внатрешни работи, а истовремено стотина успеале да се пробијат на премин кој е блокиран.
Местото Никелсдорф крај границата со Унгарија, според прелиминарните процени, до понеделникот ќе прими три четвртини од сите бегалци коишто влегле во Австрија, изјави за агенцијата DPA Александер Марковиц, портпарол на австриското министерство за надворешни работи.
„Тоа претставуваше огромен логистичко предизвик“, вели Марковиц додавајќи дека новиот мигрантски бран дошол ненадејно,поради недостигот од комуникација со унгарските власти.
Откако бројот на бегалците се намали последните денови, полицијата, армијата и Црвениот крст морале извонредно брзо да дејствуваа. „За сите мигранти ќе се погрижиме“, додава Марковиц.
Истовремено, група од стотина мигранти на коишто им би блокиран влезот во Австрија, успеале да ја минат нејзината јужна граница со Словенија, претрчувајќи покрај австриските полицајци во Шпиелсфелд, изјавил полициски службеник.
„Не можевме да ги задржиме, бидејќи налета во толпа“, изјавил признавајќи дека немало доволно полицајци за да може да ги сопрат бегалците на коишто им бил оневозможен влезот во Австрија бидејќи немале пасоши, а ниту побарале азил во Словенија.
Истиот извор на агенцијата рекол дека има информации дека уште 700 бегалци тргнале кон границата, коишто исто така најверојатно ќе настојуваат насила да влезат во Австрија./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин