Европа
Австрија се подготвува за подигнување ограда кон Унгарија
Австрија започна со подготвителните работи за да може брзо да подигне ограда во должина од 1,8 километри кон Унгарија во близина на преминот преку кој пред една година влегле стотици илјади луѓе во големиот бегалски бран.
Оградата во близина на граничниот премин кај Никелсдорф ќе биде подигната доколку Австрија се одлучи да ги активира построгите мерки кои би овозможиле брзо одвраќање на луѓето кои се надеваат да побараат азил доколку стигнат до границата.
Приливот на имигранти паднал во однос на 2015 година, кога стотици илјади луѓе бегајќи од сиромаштијата и војните на Блискиот и Далечниот исток продираа преки ткн балканска рута кон северните членки на Европската унија, главно кон Германија. Унгарија тогаш подигна ограда кон Србија, а земјите на Балканот воведоа ограничувања во координација со Австрија и така ја затворија балканската рута.
По минатогодишниот прилив во кој Австрија прими 90.000 баратели на азил, што изнесува 1 отсто од нејзиното население, владата најави дека оваа година ќе прифати само 37.500 барања за азил. Минатиот месец бројот на барањата 26.400 барање.
Австрија подигна ограда долга четири километри кај граничниот премин кон Словенија, кога имигрантите пристигнуваа по тој пат и објави дека, доколку е потребно, е подигне ограда на граничниот премин Бренер кон Италија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

