Европа
Австриската десница ги испитува неправилностите на претседателските избори

Австриската крајна десница, која за речиси половина процентен поен загуби на претседателските избори минатата седмица, ќе ги истражува „неброените“ случаи на неправилности кои го следеле гласањето, поради евентуалното оспорување на тие резултати, изјави во неделата челникот на Слободарската партија (FPo), Хајнц-Кристијан Штрахе.
„Ќе побараме од неутрално и независно тело да ги испита неброените индикации за неправилности и пота ќе одлучиме дали треба да се негираат резултатите од гласањето“, изјави Штрахе за дневниот весник Kronen-Zeitung.
„Има многубројни знаци кои доаѓаат од гласачите и пет тужби поради нарушување на законот“, додава во интервјуто Штрахе предупредувајќи дека „резултатот од изборите може да се промени“.
Поранешниот челник на австриските Зелени кој имаше големо заостанување по првиот изборен круг, Александер Ван дер Белен, на вториот круг на 24-ти мај тесно го победи Норберт Хофер од FPo, кој за малку пропушти да стане првиот претседател од крајната десница во Европа.
Со 50,3 отсто од гласовите, откако во првиот круг освои 21,3 проценти, по пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта, Ван дер Белен за 0,6 отсто, или 31.026 гласови, го победи Хофер кој освои 49,7 отсто, а во првиот круг имаше убедливо водство од 35,1 отсто од гласовите./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Папата добро се одмори преку ноќ: „Остануваме внимателни во врска со прогнозата“

Папата Франциско добро се одмори во текот на ноќта, соопшти денеска Ватикан, откако 88-годишниот папа имаше респираторни проблеми еден ден претходно додека се бори со билатерална пневмонија во болница. Франциско е во римската болница Гемели од 14 февруари, а вчера имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, соопшти Ватикан.
Морале да го поврзат на неинвазивна механичка вентилација за да му помогнат полесно да дише. „Папата спиеше цела ноќ и продолжува да се одмора“, објави накратко Ватикан. Целосните медицински информации за состојбата на Папата се очекуваат вечерва.
Папата Франциско не е виден во јавноста откако беше примен во болница, што е негово најдолго отсуство откако го започна својот понтификат во 2013 година, а неговите лекари не кажаа колку долго би можело да трае неговото лекување.
Вчерашното влошување следеше по неколкудневните релативно оптимистички извештаи за неговата состојба. Ватикан соопшти дека двете респираторни епизоди биле предизвикани од акумулација на ендобронхијална слуз. Папата доживеа и бронхоспазам, сличен на напад на астма, поради што лекарите беа принудени да направат две бронхоскопии за да ги прегледаат неговите дишни патишта.
Сè уште треба да се внимава во однос на прогнозата, соопшти денеска Ватикан, што значи дека сè уште не е надвор од животна опасност. Анонимен претставник на Ватикан изјави дека крвната слика на папата Франциско вчера била стабилна. Лекарите на папата веруваат дека респираторната епизода е дел од нормалниот одговор во борбата против инфекцијата, додаде официјалниот претставник.
Европа
Унгарија ја поддржува одлуката на Трамп да ја прекине воената помош за Украина

Унгарската влада изрази поддршка за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија и нелегалната анексија на нејзината територија.
Портпаролот на владата на Виктор Орбан рече: „Претседателот на САД и унгарската влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“.
Европа
Европа може да ја надомести американската воена помош, вели поранешен украински министер

Поранешниот заменик украински министер за одбрана рече дека Европа може да ја надополни празнината во воената помош што ја оставаат САД.
Володимир Харвилов, кој ја извршуваше функцијата од 2022 до 2023 година, рече дека Европа е „во пораст“ и дека може да ја снабдува Украина со „оружје и поголемиот дел од нејзините дневни потреби“.
„Европа ќе може да ја поддржи Украина наместо САД“, рече тој во емисијата „Тудеј“ на Радио 4.
Тој нагласи дека Украина е „многу благодарна“ за американската помош меѓу 2022 и 2024 година и дека комуникацијата со администрацијата на Трамп ќе продолжи на сите нивоа.
Тој додаде дека Украина ќе разговара со европските сојузници како да се здобијат со софистицирани системи, кои во моментов само САД можат да ги испорачаат.