Европа
Баварските конзервативци незадоволни од миграциската политика, Меркел е упорна
Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека останува доследна на својата миграциска политика и покрај тоа што уште еднаш е искажано големото незадоволство на нејзините главни конзервативни сојузници во Баварија.
Канцеларката Ангела Меркел на претстојната конференција на нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) „ќе го повтори својот јасен став“ за тоа што е потребно да се стори на национално и на европско ниво за да се намали приливот на бегалците, иако е жестоко критикувана од нејзините сојузници, изјави во понеделникот владиниот портпарол Штефан Зајберт.
Ни и сé поголем е бројот политичари од CDU на Меркел, а особено од сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU) отворено ја критикуваше политиката на отворени граници кон имигрантите, поради што минатата 2015 година во Германија пристигнаа 1,1 милион баратели на азил.
Зајберт се огласи само неколку часа откако поранешниот баварски премиер Едмунд Штојбер на канцеларката ѝ даде ултиматум да ја промени политиката кон бегалците до март или ќе се соочи со отворен бунт.
Шројбер, кои и во моментов има силни и влијателни позиции во CSU, одби да одговори на прашањето на весникот Sueddeutsche Zeitung дали во тој случај би започнал процесот на сменување на Меркел. Тој смета дека германската јужна граница, односно границата на сојузната земја Баварија, кон Австрија мора да биде затворена. Меркел, пак, претходно во повеќе наврати повтори дека тоа би било спротивно на германските закони коишто на жртвите на прогоните им гарантираат право на азил.
„Канцеларката ги прима на знаење сите тие придонеси“, рече Зајберт алудирајќи на критиките. Додаде дека челниците на ЕУ во февруари или во март ќе видат дали сегашните напори даваат ефекти за да се намали пристигнувањето на имигрантите.
Меркел сака да барателите на азил да бидат распоредувани низ земјите на Европската унија за рамноправно да се сподели товарот и да се сочува шенгенскиот режим. Сака, исто така, и зајакнување на контролата на надворешните граници на ЕУ и исполнување на обврската за доделување три милијарди евра за Турција, поради нејзиното згрижување на речиси два милиона сириски бегалци./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.