Европа
Белгија под тревога по апсењето на 15 терористи, ќе ја ангажира војската
Белгија од петокот е под терористичка тревога, а безбедносните сили уапсија вкупно 15 лица осомничени за планирање терористички напади врз полицијата, но засега нема докази за нивна поврзаност со минатонеделните исламистички напади во француската престолнина Париз. Премиерот Шарл Мишел објави дека земјата е подготвена да ја повика војската поради јакнењето на безбедноста, и, исто така, дека неговата влада донела дванаесет мерки за справување со радикализмот и тероризмот.
Тринаесет лица се уапсени во 12 противтерористички рации во белгискиот град Вервиерс и во околината на главниот град Брисел, а уште две во Франција во рамките на истата истрага, потврди во петокот државниот тужител на Белгија. Портпаролот на обвинителството изјави дека засега не е утврдена никаква поврзаност на приведените лица со париските напади во коишто беа убиени 17 луѓе, како и дека сé уште не е утврден идентитетот на двајцата осомничени убиени во четвртокот во Вервиерс.
Покрај оружјето, вклучително и четири автоматски пушки „калашников“ и експлозиви, во еден стан во Вервиерс се пронајдени и полициски униформи, изјави портпаролот Ерик Ван Дер Сипт. „Оваа група планирала да изведе терористички напади врз полицијата на улиците и во полициските станици“, истакнал.
Заменикот државен обвинител Тиери Вертс, претходно изјави дека акцијата е спроведена против група од десет луѓе, од кои некои биле на боиштата во Сирија. „Тие се подготвувале за напади од големи размери, кои требало да се случат многу скоро“, истакна Вертс.
Во одвоени операции за кои функционери велат дека не се поврзани, германската и француската антитерористичка полиција, исто така, објавија дека извршиле неколку апсења.
Белгиските сили за безбедност се ставени во висок степен на подготвеност и обезбедувања на јавните објекти, особено полициските станици низ целата земја. Белгиската јавна телевизија RTBF пренесе дека на полицајците им е кажано да не се движат поединечно додека се на улица во униформа.
Во Белгија и во Холандија се затворени некои еврејски училишта, како реакција на терористичкиот напад од минатиот петок во супермаркетот за еврејска кошер храна и врз редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo. „Париз веројатно ги забрза работите, во смисла сега секоја европска земја да е под тревога. Некои информации кои можеби не беа сосем веродостојни сега се земаа сериозно, бидејќи заканата е стварна“, изјави поранешниот командант на белгиската антитерористичка полиција, Анде Жакоб.
„Војската ќе биде на располагање за да го засилиме нивното на безбедност“, изјави белгискиот премиер Шарл Мишел во петокот по седницата на владата ден по големата антитерористичка операција во Вервиерс, во којашто беа убиени двајца и ранет еден, како што тврди белгиската полиција, џихадисти.
„Дел од специјалните воени сили може многу брзо да бидат распоредени на одредени места, привремено додека владата во Брисел тоа го смета за потребно“, изјави белгискиот министер за одбрана Стефен Вандепут.
Белгиската влада, исто така, донесе дванаесет мерки за борба против радикализмот и тероризмот. Тие мерки, меѓу другото, вклучуваат проширување на можноста за одземање државјанство, привремено одземање на личната карта, одбивање да се издаде пасош, замрзнување на имотот. Се предвидува и борбата против радикализмот во затворите, каде што често младите престапници се изложени на исламистичка индоктринација од дел од затворениците.
Белгискиот премиер Мишел, исто така, побара неформалниот состанок на Европскиот совет, шефовите на државите или влади членки на Европската унија предвиден за 12-ти февруари, да се претвори во формален, што ќе овозможи носење одлуки.
По антитерористичката операција во Белгија, нивото на безбедност е подигнато и во Европската комисија. „Тоа се мерки на претпазливост. Немаме сигнали за некои конкретни закани за европските институции“, изјави портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.
Со околу милион муслимани, главно по потекло од франкофонска северна Африка, Белгија којашто има вкупно 11 милиони жители, како и Франција, во минатото беше сцена на масовни изрази на незадоволство на младите, невработеноста на децата на имигрантите во кои пропаднаа големи индустриски субјекти, како што е и Вервиерс, некогашен центар на белгиската текстилна индустрија.
Од Белгија по глава на жител заминале повеќе исламистички борци во Сирија од која и да е друга европска земја, а тамошните власти веруваат дека околу стотина од нив се вратиле веќе во земјата со борбено искуство. Околу 40 од радикалните белгиски исламисти се убиени, а околу 170 сé уште се борат во Сирија и во Ирак, според податоците на белгиските тајни служби.
Во Белгија од почетокот на 2012 година е забележано засилено дејствување на радикалните исламисти. Во почетокот на јуни 2012-та тие предизвикаа безредија на муслиманската младина во бриселската општина Моленбек-Сен- Жан, откако полицијата приведе девојка облечена во никаб што е забрането според белгискиот закон. Неколку дена по немирите, 53-годишен муслиман француски државјанин Брахим Бахри кој подоцна беше осуден на 17 години затвор, избоде со нож двајца полицајци во бриселското метро. Според признанието на самиот напаѓач дадено веднаш по апсењето, тој дошол од Париз во Брисел „за да ја напаѓа полицијата и да и’ се одмазди на белгиската влада поради воведување на забраната за носење на превезот кај жените муслиманки“.
Шефот на белгиската разузнавачки служби Ален Винантс тогаш предложи да се разгледа донесување забрана за движењето „Шеријат за Белгија“. Потсети дека владите на Велика Британија и Германија веќе ги забранија активности на нивна територија на организацијата „Sharia4Belgium“ која е поврзана со радикалните исламски движења. Според податоците на белгиската разузнавачка служба, од околу милион муслимани во Белгија, околу илјада се салафити.
Како што пишуваше весникот Le Soir во врска со извештајот на Службата за безбедност на Белгија, на агенцијата за разузнавање вниманието и’ го привлекло интензивирањето на салафитското движење во земјата, чии членови го отфрлаат постоењето и функционирањето на демократските институции, како и фактот дека исламските радикали кои се залагаат за враќање кон „чистиот“ ислам, го зајакнуваат своето влијание меѓу муслиманско население во Белгија. Во извештајот до пред две ипол години се забележува растечкото влијание во 2011 година на радикалното исламистичко движење „Шеријат за Белгија“. Интернет страницата на ова движење веќе подолги години објавува содржини со кои ги повикува Белгијците да го прифатат исламот, или „да се подготват за последиците“. Интернет ресурсот, исто така, ги предупредува припадниците на муслиманската вера од стопувањето со белгискиот секуларно општество. Како што беше истакнато во написот Le Soir, белгиските разузнавачки служби сметаат дека исламскиот радикализам, од своја страна, ќе претставува „плодна почва“ за екстремната десница во Белгија, бидејќи тоа ќе им даде адути да играат на карата „борба против исламизацијата на белгиското општество“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

