Европа
Берлин отворен за учеството на Асад во борбата со IS, може да испрати војници во Сирија
Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен искажа отвореност за учество на армијата на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад во меѓународната борба против Исламската дражва (IS), придружувајќи се на ставот на Франција, откако претходно беше соопштено дека Германија би можела да испрати 1.200 војници за нејзините воздушни сили во борбени операции во оваа земја.
„Има делови од единици во Сирија коишто можеме да ги вклучиме, како во случајот со Ирак, каде успешно е спроведено устројувањето на локалните единици“, изјави за телевизијата ZDF, германската конзервативна министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен. Истакна, меѓутоа, дека „нема иднина со (сирискиот претседател Башар ал-)Асад, тоа е јасно“.
Франција, чијшто приоритет во моментов е борбата против терористичката сунитска групација Исламска држава во Сирија, првпат минатиот петок го спомена вклучувањето на силите на сириската влада во борбените дејствија, истакнувајќи дека соработката може да се одвива единствено во рамките на политичката транзиција на земјата.
По нападите од 13-ти ноември во Париз и големата тревога следните денови во Хановер поради планиран сличен терористички напад, Германија која дотогаш беше нерешителна околу воена интервенција во Сирија, ѝ ја даде на Франција својата поддршка за проширување на воздушните напади. Најави дека, меѓу другото, ќе распореди своја фрегата и авиони за извидување во рамките на воздушните удари врз џихадистичките цели во Сирија.
Во интервјуто за неделното издание на весникот Bild am Sonntag, генералниот инспектор на германската армија, Фолкер Викер, изјави дека Бундесверот во споменатите операции може да мобилизира 1.200 германски војници, што ќе претставува најголема и најважна германска воена мисија која е во тек надвор од границите на земјата.
„Од воен аспект, за обезбедување на функционалноста на авионите и бродовите, неопходни се најмалку 1.200 војници“, смета Викер.
Според весникот, германската влада има намера да побара мандат за почетокот на оваа мисија уште до крајот на годинава. „Операцијата може да започне веднаш по добивањето на официјалниот мандат“, ели во интервјуто главниот инспектор на германската армија.
Според Викер, воената мисија може да трае многу долг период, бидејќи воените капацитети на Германија го овозможуваат тоа. „Траењето на мисијата го определува политиката. На воен план, ние сме многу издржливи“, додава.
Претходната седница на состанокот на пратеничките групи на партиите кои ја сочинуваат коалициската влада беше разгледувано прашањето за пружање воена помош на Франција. Берлина планира во Сирија да испрати извидувачки авиони од типот „Tornado“, Исто така, во Сирија ќе бидат испратени авиони – цистерни, беспилотни летала о воена фрегата, рекоа за агенцијата DPA, владини извори.
Министерката Лејен се изјасни дека не станува збор за учество во војна, туку за воена мисија во Сирија чија цел е борба против терористичката групација Исламска држава. Дебатата по ова прашање во германскиот парламент треба да биде закажана оваа седмица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.
Европа
Литванскиот претседател: Дијалогот со Путин е илузија, Кремљ не сака мир
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека Европа мора да биде подготвена за долгорочната закана од Русија и дека Москва нема намера да застане дури ни по војната во Украина. Во интервју за „Киев пост“, тој рече дека „империјалните амбиции“ на Русија се трајни и дека Европа мора да изгради „ѕид на одвраќање“.
„Ситуацијата е сложена и полна со предизвици“, рече Науседа, додавајќи дека клучната разлика од минатото е што Литванија сега е дел од НАТО и ЕУ. „Членството во Европската унија е „за подобар живот“, а членството во НАТО е „за цел живот“, рече тој. Тој нагласи дека заканата од Русија нема да се повлече со крајот на војната во Украина.
„Империјалните амбиции на Русија нема да исчезнат откако ќе заврши војната во Украина. Заканата ќе остане“, рече тој. „Можеби следниот пат целта нема да биде Украина, туку источниот дел на ЕУ или ЕУ како целина. Мора да бидеме подготвени. Мора да изградиме ѕид на одвраќање“, рече тој.
Зборувајќи за војната во Украина, Науседа рече дека не е оптимист за брзо решение. „САД се клучниот актер тука и само тие можат да ја турнат Русија во ќош и на преговарачката маса“, рече тој. Тој нагласи дека Русија, според него, нема намера да ја заврши војната. „Гледам дека Русија апсолутно нема намера да ја заврши оваа војна.
Тие си играат за време за да заземат повеќе украинска територија“, рече тој. Додаде дека Русија напаѓа цивили и инфраструктура и ја „оружува“ зимата, што го опиша како „длабоко циничен“ пристап. Тој рече дека нема големи очекувања за трилатералните разговори. „Од руска страна, гледам само имитација на преговорите и обиди за купување време“, рече тој.
Науседа рече дека некои во Европа ги повторуваат старите грешки кога верувале дека разговорите со Путин ќе дадат резултати. „Се сеќаваме на бројни средби и повици со Путин, а резултатот беше нула“, рече тој. Додаде дека Путин не ја гледа Европа како воена сила. „Тој не се плаши од Европа. Тој не се однесува кон Европа како кон партнер кого мора сериозно да го сфати. Тој се плаши само од Соединетите Американски Држави, а тоа е значајна лост“, рече тој.
Тој рече дека Европа треба да ги зајакне односите со Соединетите Американски Држави и да ја зајакне преговарачката позиција на Украина, наместо да се обидува директно да преговара со Москва. „Подобар пристап е да се координира со Соединетите Американски Држави и да се зајакне преговарачката позиција на Украина“, рече тој.
Науседа рече дека Литванија силно го поддржува проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Украина. „Литванија е меѓу најсилните застапници за што е можно поскоро пристапување на Украина“, рече тој. Додаде дека Литванија предлага перспектива за членство за Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија до 2030 година, нагласувајќи дека датумот не е обврзувачки, туку политичка цел.
Зборувајќи за партиите и политичарите кои тврдат дека „ова не е наша војна“ и се залагаат за ресетирање на односите со Русија, Науседа рече дека е „штета“ што не научиле ништо. „Тие се однесуваат како деца и никогаш не растат“, рече тој, додавајќи дека војната не ја засега само Украина, туку претставува предизвик што Русија го фрла врз европскиот модел на управување, владеењето на правото и демократијата.

