Европа
Блер: Ја прифаќам одговорноста, но Садам требаше да биде отстранет
Поранешниот британски премиер Тони Блер без никаква ограда ја прифаќа одговорноста за сите грешки сторени во текот на инвазијата врз Ирак во 2003 година, но и натаму е убеден дека било потребно да се отстрани Садам Хусеин од власта.
Обраќањето на поранешниот британски премиер Тони Блер дојде по објавувањето на извештајот на комисијата предводена од сер Џон Чилкот која по седумгодишна работа утврдила дека инвазијата на Велика Британија врз Ирак не била неопходна и погрешна и во војна се тргнало пред да бидат исцрпени сите мирољубиви решенија, и со неточни разузнавачки податоци за наводно постоење оружје за масовно уништување.
Одлуката Велика Британија да ѝ се приклучи на инвазијата предводена од САД не била ниту одблизу правно заснована, а заложбите на тогашниот премиер Тони Блер за воена акција биле пренагласени, изјави претседателот на истражната комисија Чилкот.
„Без разлика дали луѓето се согласуваат со мојата одлука или не, ја донесов во добра верба и во уверување дека го правам она што е најдобро за мојата земја“, изјави Влер во кусото соопштение по објавувањето на извештајот.
Комисијата не нашла никакво лажиран доказ, измама на членови на владата или тајно верување на американскиот претседател да се оди во војна, истакна Блер.
„Со овој извештај засекогаш би требало да бидат отстранети обвинувањата дека станува збор за лоша намера, лаги и измами. За сите грешки ја преземам целосната одговорност без никаква ограда“, заклучи Блер најавувајќи дека ќе следи негов детален одговор на наодите на комисијата.
„И натаму верувам дека беше подобро да се отстрани Садам Хусеин и дека тоа не е причината за тероризмот кој денес го гледаме насекаде низ светот. Над сé им одавам признание на нашите вооружени сили и изразувам длабоко жалење за губењето животи и болката која со тоа им е предизвикана на семејствата“, изјави поранешниот британски премиер.
Тони Блер беше своевремено еден од најпопуларните британски премиери во историјата, сé додека неговото реноме бесповратно не се урниса со одлуката својата земја да ја втурне во војната во Ирак.
Во средата, по објавениот извештај кој во најмала рака ги доведува во прашање неговите одлуки за почнување на војната и безусловната поддршка за тогашниот американски претседател Џорџ Буш, неговиот углед падна уште пониско. Ниту 13 години по интервенцијата во Ирак, таа не му е простена и во јавноста повторно Тони Блер го нарекуваат лажго и воен злосторник.
Тони Блер беше станар на Даунинг стрит 10, резиденцијата на британскиот премиер, цели десет години, во периодот од 1997 до 2007 година, откако трипати победи на изборите во атмосфера и економски напредок.
Харизматичен и сјаен говорник и шармер, Ентони Чарлс Линтон Блер роден во мај 1953 во Единбург во семејство на виша класа. Парламентарен пратеник првпат станува во триесеттата, а на чело на лабуристите доаѓа во 1994 година, партија којашто ја трансформираше од дното до врвот и ја врани на власт по 18 години опозиција. Првенец на ткн „трет пат“, премиер станува во 43-та година, како најмлад претседател на влада во Британија во речиси 200 години.
Повеќе прагматичен отколку идеолог, Блер со одличен политички инстинкт ја перципираше глобализацијата како можност и успеа да го поврзе економскиот либерализам со подобри јавни услуги.
Во времето на неговите мандати Шкотска и Велс веќе добија поголема автономија, склучен е мирот во Северна Ирска, легализирани се истполовите бракови и усвоени се построги мерки за борбата против тероризмот.
Нападите од 11-ти септември 2001 година врз САД за Блер претставувале пресвртница во надворешната политика. Некритични се согласил со сите ставови на американскиот сојузник Џорџ В. Буш, до таа мера што го нарекуваа негова пудличка. Ги испрати британските војници во инвазиите врз Авганистан и врз Ирак.
Милиони луѓе протестираа на улиците на Лондон и другите британски градови и го обвинуваа дека лажел за постоењето на ирачкото оружје за масовно уништување. Блер подоцна се извини за погрешните информации коишто наводно му ги дале разузнавачките служби и за загубата на животите на 179 британски војници во војната во Ирак.
Успеа да ги добие изборите во 2005 година, но тоа беше со кус здив. Во јули истата година Лондон беше нападнат од терористите кои убија 52 лица. Две години подоцна, и две години пред истекувањето на мандатот, Блер под притисок му го препушта Гордон Браун, кусо пред избувнувањето на глобалната економска криза.
Од тогаш Тони Блер се преобрати во катоцилизам, татко на четири деца, стои подалеку од британската политика и главно времето го минува во странство наплаќајќи за совети на странски челници./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Јулија Тимошенко: Моите банкарски сметки се блокирани
Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати.
Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека нејзините сметки се замрзнати.
„Што е надреализам? Ова е кога во отворено политички нарачан случај планирате да платите кауција со парите што сте ги добиле како компензација за политичкиот прогон на одреден кратковид „диктатор“. Но, не можете да го направите ова бидејќи вашите банкарски сметки беа блокирани дури и пред судската одлука.
Вака изгледа „антикорупциската правда“ на меѓународните измамници. Вие наивни луѓе веројатно мислите дека со такви примитивни потези ќе ме принудите да бегам или дека ќе престанам да се борам. Страшно грешите“, напиша Тимошенко на Фејсбук.
Украинските антикорупциски власти во вторник вечерта објавија дека откриле корупција поврзана со лидер на партија. Подоцна беше потврдено дека случајот се однесува на Јулија Тимошенко. Таа е осомничена за нудење нелегални бенефиции на пратеници од други партии во замена за гласање за или против одредени законски предлози.
Извори од политички кругови потврдија во среда наутро дека истражителите ѝ доставиле на Тимошенко известување за сомневање. Потоа, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБО) објави аудио снимка во која, според истражителите, Тимошенко и неидентификуван пратеник разговараат за шема за плаќање за гласови во украинскиот парламент.
Тимошенко рече дека тоа била „голема ПР-шоу“ и „чистење на политичките конкуренти пред изборите“. Таа тврди дека истражителите „не пронашле ништо“, туку само ги заплениле нејзините „мобилни телефони, парламентарни документи и лични заштеди, кои се целосно наведени во нејзината имотна картичка“. Таа, исто така, изјави дека објавената аудио снимка „нема никаква врска“ со неа.
Европа
(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око
Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.
Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Eye of the Tiger“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна.

epa12650914 French President Emmanuel Macron delivers a speech during a visit to the Istres Air Force Base in Istres, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Повикувањето на насловната песна од филнот „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека таа мора да стане посилна и побрза. Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека ги прегледуваше војниците.
„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон. „Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

epa12651821 French President Emmanuel Macron delivers a speech as he visits the Istres military air force base, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Тој го искористи своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во јужна Франција за да најави поголеми трошоци за одбрана. Тој рече дека сака да ги помести плановите за буџет за одбрана од 64 милијарди евра од 2030 на 2027 година, со 3,5 милијарди евра за забрзување на вооружувањето на Франција достапно оваа година.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.

