Европа
Близу 100.000 демонстранти во Брисел против мерките на штедење

Десетици илјади демонстранти излегоа во средата на улиците на Брисел на протест против мерките на штедењето кои ги спроведе владата на десниот центар на премиерот Шарл Мишел во првата година од мандатот.
Трите главни белгиски синдикати се здружија во заедничка платформа во која ја обвинуваат владата дека ги промовира големите компании на штета на работниците.
Синдикатите посебно се жалат на замрзнување на врската помеѓу инфлацијата и платите, кревање на старосната граница за пензија, намалување на социјалните додатоци и зголемување на даноците, кои според нивно мислење, на нефер начин ги фаворизираат работодавачите.
Според наводите на полицијата, на улиците на Брисел излегле околу 80.000 лица, додека организаторите на протестите проценуваат дека имало околу 100.000 лица. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска провалија во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република Јакутија, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила околу 3:20 часот наутро во недела кон понеделникот, кога возачот ја изгубил контролата врз автобусот, кој паднал во клисура длабока 25 метри.
Фотографиите објавени од локалното Министерство за внатрешни работи покажуваат дека автобусот е превртен покрај каллива локва со вода. Друга фотографија ја покажува оштетената метална ограда покрај патот над местото на несреќата.
Несреќата се случила на индустрискиот пат што води до рударскиот и преработувачкиот погон Денисовка, специјализиран за екстракција и производство на јаглен.
Рускиот истражен комитет, кој истражува сериозни кривични дела, соопшти дека отворил кривична истрага за можна небрежност. Властите го прогласија вторник за ден на жалост во регионот.
Фото: принтскрин
Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Илјадници луѓе заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови

Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откога летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.
Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот на „Шереметјево“, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над Московскиот Регион, откога претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над Московскиот Регион.
Moscow region, Russia ❗
✈️❌ A real collapse has formed at Sheremetyevo Airport! Hundreds of people have been crowding the airport for a whole day. Due to drone attacks, dozens of flights have been postponed or completely canceled. This is already the second collapse of the… pic.twitter.com/m5EgND4ni9— LX (@LXSummer1) July 20, 2025
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“.
Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, а дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.
Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милион луѓе.
Фото: принтскрин