Европа
Брисел замре, откажани летови, децата забарикадирани во училиштата
– (© twitter.com/EUPublicAffairs)
Повеќекратните експлозии со речиси 30 жртви според последните податоци кои одекнаа во вторникот утрото на неколку локациите во белгискиот главен град Брисел, го запреа целиот јавен превоз во европската престолнина, кризниот штаб ги повика жителите да не излегуваат на улиците, локалните власти им препорачаа на училиштата да не ги пуштаат децата надвор од училишните згради, а на родителите да не доаѓаат по нив, додека европските аеродроми почнаа со прифаќањето на стотиците летови кои се пренасочени или откажани по нападот на бриселскиот аеродром.
Повеќекратните експлозии со речиси 30 жртви според последните податоци кои одекнаа во вторникот утрото на неколку локациите во белгискиот главен град Брисел, го запреа целиот јавен превоз во европската престолнина, кризниот штаб ги повика жителите да не излегуваат на улиците, локалните власти им препорачаа на училиштата да не ги пуштаат децата надвор од училишните згради, а на родителите да не доаѓаат по нив, додека европските аеродроми почнаа со прифаќањето на стотиците летови кои се пренасочени или откажани по нападот на бриселскиот аеродром.
На училиштата на територијата на Брисел им е препорачано да не овозможат никому ниту влез ниту излез од училишните згради. Слична препорака им е упатена и на службениците во европските институции. Во очекување на конкретни одлуки на националниот Совет за безбедност и кризниот штаб, од раководствата на училиштата се бара „да не ги пуштаат децата да излегуваат за време на пладневната пауза“.
Од сите жители на белгиската и европската престолнина се бара да останат на местата на коишто точно се нашле во моментот, на училиште, на работи или дома. „Не излегувајте, останете на своите места“, соопшти белгискиот центар за кризни состојби. Европската комисија го повика својот персонал да не излегува од своите канцеларии или домови.
Седиштето на Европската унија замре, јавуваат агенциите, запрен е севкупниот јавен транспорт, трамвајскиот, железничкиот, автобускиот подземната железница, затворени се тунелите, а во прекин се и подвижните мрежи. Прекинат е и сообраќајот ан возот „Eurostar“ кој Брисел преку Париз го поврзува со Лондон. Европските аеродроми ги прифаќаат летовите пренасочени од Брисел, и откажани се сите летови за овој град а засилени се и безбедносните мерки.
„Превентивните и безбедносни мерки во моментов се воспоставуваат на секој од осумте терминали на аеродромот и на двете железнички станици, со контрола на возовите од правец на Брисел и мобилизирање на тимовите со полициски кучиња“, објавија службите на парискиот аеродром „Роаси Шарл де Гол“.
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ воведе, исто така, засилени безбедносни мерки по експлозијата на меѓународниот аеродром во Брисел. „Безбедноста на патниците и на персоналот на аеродромот е апсолутен приоритет. Поради страшните настани во Брисел, ја зголемивме безбедносната присутност и патролите на територијата на аеродромот“, објави портпаролот на „Гетвик“.
Британскиот премиер Дејвид Камерон најави на Twitter итен состанок во врска со бриселските експлозии,
Засилени се безбедносните мерки и во еден од најголемите светски аеродроми и најголем во Европа, во Франкфурт, соопшти германската сојузна полиција. „Што се однесува до другите германски аеродроми, не можам да дадам никаква друга изјава, сега сме во фаза на процена“ на ситуацијата, изјави портпаролката на полицијата.
Италијанското министерство за внатрешни работи, исто така, го зголеми нивото на безбедност на италијанските аеродроми. И на холандските аеродроми засилени се безбедносните мерки. „Поради претпазливост преземаме дополнителни мерки. Тоа значи дополнителни патроли на жандармеријата на „Шипхол“, во Амстердам, во Ротердам и Ајндховен“, го пренесува телевизијата соопштението на полицијата. Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ во соопштение до агенциите извести дека ги откажал сите летови кон Брисел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

