Европа
Брисел: Западниот Балкан мора да соработува со ЕУ во бегалската криза

Сегашната бегалска криза е најтешката уште од Втората светска војна и со неа заедничко мора да се соочат членките на Европската унија, но и сите нивни соседи, бидејќи е погоден целиот европски континент, е оцената на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федрика Могерини, потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, дадена во авторскиот текст кој го објави во петокот сараевскиот дневен весник Dnevni аvaz.
Сумирајќи ги резултатите од состанокот посветен на западниот Балкан кој во четвртокот се одржа во австриската престолнина Виена, на кој присуствуваше и македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски, споменатите тројца високи функционери на Европската унија истакнуваат дека покрај поддршката на Брисел за европската насоченост на овој дел од континентот, сега е потребно државите на тој простор да соработуваат со ЕУ во решавањето на бегалската криза.
„Ниедна земја не може самостојно да одговори на ова прашање. Секоја земја мора да придонесе за решавањето на овој заеднички предизвик. Неопходен ни е координиран одговор на ЕУ и највисоко ниво на соработка меѓу Унијата и нашите соседи“, пишуваат Могерини, Шефчович и Хан.
Во текстот се истакнува дека Унијата е подготвена засилено да ги поткрепи соседите и да им обезбеди дополнителна финансиска поддршка за да изградат капацитети за надзор на границите и во справувањето со криумчарењето луѓе. Меѓутоа, истакнуваат, дека е потребно земјите од западниот Балкан „да го исполнат својот дел од обврската во справувањето со бегалската криза и дека притоа повеќе нема простор за одложувања“.
„Портите на Европа не смеат да бидат затворени пред бегалците и прогонетите, Доколку тоа се случи, тогаш повеќе не сме Европа“, се нагласува во споменатиот текст во кој исто така се истакнува дека управувањето со бегалската криза е важен тест и за ЕУ и за државите од западниот Балкан и за нивната европска перспектива./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.