Европа
Британската кралица предупреди на опасноста од поделба на Европа
Британската кралица Елизабета Втора, која престојува во посета на Германија, предупреди на опасноста од поделба на Европа, а нејзината порака којашто во четвртокот ја пренесуваат германските и британските медиуми, ја читаат како порака за предупредување против излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
„Мислиме дека поделбата на Европа е опасна и треба да ја зачуваме, како Западот, така и Истокот од нашиот континент. Во текот на нашиот живот го проживеавме најлошото, но и најдоброто на нашиот континент“, изјави британската кралица Елизабета Втора пред самитот подоцна во четвртокот во Брисел на кој ќе стане збор и за референдумот кој британскиот премиер Дејвид Камерон сака да го организира најдоцна во 2017 година, за останување или излегување на Велика Британија од Европската унија.
Кралицата Елизабета ја започна во средата, придружувана од сопругот принцот Филип, својата петта повоена посета на Германија, среќавајќи се со германскиот претседател Јоаким Глаук а потоа и со канцеларката Ангела Меркел.
Иако кралицата не учествува директно во дневно-политичкиот живот на Велика Британија, тамошниот весник The Daily Telegraph, истакнува дека нејзините изјави може да се протолкуваат како желба Велика Британија да остане во ЕУ, а најдалеку отиде The Sun наведувајќи дека станува збор за обид да се убедат европските челници на Лондон да му ги препуштат компетенциите коишто ги бара британскиот премиер, кој под тие услови го сака останувањето на Обединетото Кралство во Унијата. „Некои во таа изјава ќе видат залагање за останување на Британија во Европската унија“, пишува и The Daily Express, додавајќи дека советниците на кралицата изјавија дека таа „само воопштено“ се заложила за мир и стабилност на Европа, како и дека тоа нема никаква врска со референдумот што премиерот Камерон вети дека ќе го организира.
Германските медиуми, пак, нагаѓаат дека посетата на британската кралица на Берлин не е само протоколарна, туку и дека има политички карактер, иако за тоа никој не сака официјално да се изјасни. Се шпекулира дека наводно Елизабета Втора е „тајното британско дипломатско оружје“, имајќи ги предвид барањата на Дејвид Камерон за реформи во самата Европска унија, доколку се посакува Велика Британија да биде задржана во нејзиното членство. Меѓутоа, германските коментатори, исто така, истакнуваат дека и германската страна дискретно дипломатски токму преку кралицата сака да ја пренесе својата порака со којашто ќе ја истакне важноста од британското останување во членството.
Илјадници луѓе во четвртокот во Франкфурт ја поздравија британската кралица, којашто ужива голема популарност во Германија. Според процените на полицијата, на централните градски плоштади Паулсплац и Ремеберг кралицата Елизабета ја поздравиле околу 3.000 луѓе. Кралицата придружувана од сопругот го посети германскиот национален симбол – Паулкирше, односи Црквата на свети Павле, којашто Германците ја сметаат за колепка на својата демократија, имајќи предвид дека во неа во 1848 година е одржана седницата на националниот парламент.
Во петок британската кралица Елизабета Втора ќе се сретне се германските граѓани пред берлинската Бранденбуршка порта, а пота ќе отпатува во разгледување на германскиот нацистички концентрационен логор Берген-Белсен, чиишто затвореници во 1945 година на крајот од Втората светска воја го ослободиле британските војници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

