Европа
Британските пратеници бараат информации за службите изоставен од извештајот на САД

Британските парламентарни застапници настојуваат од САД да добијат информации за активностите на британските разузнавачки служби MI5 и MI6, и нивната улога во програмата за грабнување и мачење, односно ткн засилени техники на испрашување, на осомничените за тероризам, а меѓу жртвите имало и деца, коишто се изоставени од неодамнешниот извештај на американскиот Сенат за активностите на Централната разузнавачка агенција (CIA).
Британските парламентарни застапници настојуваат од САД да добијат информации за активностите на британските разузнавачки служби MI5 и MI6, и нивната улога во програмата за грабнување и мачење, односно ткн засилени техники на испрашување, на осомничените за тероризам, а меѓу жртвите имало и деца, коишто се изоставени од неодамнешниот извештај на американскиот Сенат за активностите на Централната разузнавачка агенција (CIA).
Ако споменатиот извештај одекна како бомба во САД, исто така ги поттикна и интересирањата и прашањата за улогата на британските разузнавачки служби во војната против тероризмот што ја започна Вашингтон по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, пишува во неделата британскиот весник The Observer.
Како најблиски американски сојузници, Британците во стапка ги следеле постапките на САД во текот на воените кампањи во Ирак и во Авганистан. Уште во 2010 година британскиот премиер Дејвид Камерон призна дека постоеле „прашања за нивото на соработка на британските домашни и надворешни тајни служби со странските разузнавачки агенции кои кон затворениците се однесувале на несоодветен начин“.
Лондон призна дека разговарал со Вашингтон за откривањето или неоткривањето на информации коишто би ја довеле во прашање „националната безбедност“, меѓутоа тврди дека не било барано изоставување на делови од извештајот коишто би оделе на штета на британските разузнавачки служби.
„Не стана збор за тоа да се бара изоставување на можните обвинувачки информации за вмешаноста на британските разузнавачки служби во активностите кои во Велика Британија се сметале за незаконски“, потврдуваат за весникот од Даунинг Стрит, седиштето на владата.
Како што пишува натаму The Observer, претседателот на Парламентарната комисија за разузнавачки и безбедносни прашања, Маклолм Рифкинд „официјално ќе побара информации за Обединетото Кралство кои биле повлечени од извештајот на американскиот Сенат“ „Единствено ќе бараме податоци кои се однесуваат на Обединетото Кралство“, истакнал Рифкинд.
Британските тајни служби биле вмешани во случаи на грабнување луѓе коишто потоа биле префрлувани во злогласниот затвор во американската воена база во кубанскиот залив Гвантанамо, каде што биле измачувани. Меѓу најгрозоморните случаи се грабнувањата деца, како на пример ткн Операција Лид во којашто агенцијата MI6 во текот на 2004 година грабнувал противници на тогашниот либиски челник Моамер ел-Гадафи, кои потоа биле затворани во занданите на режимот кој беше соборен со западна интервенција во 2011 година.
Меѓу ваквите е и случајот на тогаш 12-годишното девојченце Кадија ал-Саади, којашто заедно со целото семејство било предадено на тогашните либиски власти во заедничка операција на CIA и MI6./крај/мф/сн
Извор: The Observer
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа вклучувајќи ја најголемата рафинерија на „Роснефт“ во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт (Мадијар) Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев индепендент“.
„Бензинот (во Русија) е при крај, а гасот и нафтата бргу исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.
💥 Drones hit a refinery in Russia’s Ryazan, setting it ablaze. Ukraine confirms strikes on both the Ryazan refinery & an oil depot in occupied Luhansk. #MakeRussiaPay pic.twitter.com/PaSlQskXGq
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) September 5, 2025
Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што бргу се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.
Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 5, 2025
Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дрона биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментира директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.
Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот вечерта. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.
фото: принтскрин
Европа
Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

Во напад со руски беспилотни летала загинаа три лица во регионот Харков во источна Украина, изјави синоќа гувернерот Олег Синегубов.
„Околу 21:30 часот по локално време, Русите го нападнаа селото Хотимља со беспилотни летала“, напиша тој на Телеграм. Во нападот загинаа двајца 40-годишни мажи и една 25-годишна жена, рече тој. Двајца други мажи се исто така повредени и хоспитализирани.
Украина: Жртвите работеле на поправки на патишта
Синегубов, исто така, рече дека некои од жртвите работеле на поправки на патишта.
Претходно во четврток, двајца украински деминери беа убиени за време на руски напад во северна Украина, во област што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата, објавија украинските власти и една невладина организација.
Руското Министерство за одбрана, од своја страна, извести за „уништување на точка за подготовка и лансирање на беспилотни летала со долг дострел што им припаѓаат на украинските вооружени сили во регионот Чернигов“, негирајќи дека жртвите биле хуманитарни работници.
Неколку предупредувања за воздушни напади беа издадени во Украина синоќа по самитот на Коалицијата на волните во Париз.
фото: принтскрин