Контакт

Европа

Британското прашање и заштитата на надворешните граници се главните теми на самитот на ЕУ

Објавено пред

Челниците на 28-те земји членки на Европската унија ќе се соберат во четврток и во петок на самитот во Брисел за да разговараат за британското прашања кое е условено со референдум за останување во блокот, за миграциите, заштитата на надворешните граници со цел да се сочува шенгенскиот простори, како и борбата против тероризмот.

dobivaj vesti na viber

Европските челниците на својот годинешен последен самит во четвртокот попладнето ќе го започнат со традиционалната средба со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Потоа ќе следува расправата за миграциите, а во текот на работната вечера предвиден е разговор за условите на Велика Британија која бара враќање на предадените ингеренции.Челниците на ЕУ треба да повикаат на забрзување на воспоставувањето на центрите за регистрација и прифаќање на бегалците и имигрантите во Грција и во Италија, на зајакнување на надзорот на надворешните граници на Унијата, како и на побрзо спроведување на планот за преселувањето на бегалците во земјите членки според утврдените квоти.Во заклучоците европските челници, исто така, треба да повикаат и на подобра соработка на полициите и разузнавачките служби во борбата против тероризмот.Шефовите на државите или владите ќе дискутираат и за предлогот за воспоставување Европска гранична и крајбрежна стража, кој Европската комисија го претстави во вторникот, Комисијата предлага припадниците на оваа нова агенција, којашто би ја заменила досегашната Фронтекс, да може да бидат упатени на надворешните граници на ЕУ дури и во случаи кога земјите членки на чии граници би доаѓале не ја дадат својата согласност. Целта на овој предлог е да се зачува шенгенскиот простор, кој се смета за едно од најголемите достигнување во досегашните интеграции. Се очекува дека учесниците на самитот ќе го повикаат Советот на Европа и Европскиот парламент што поскоро да го разгледаат овој предлог.Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во средата на пленарна седмица на Европскиот парламент во Стразбур истакна дека треба да се стори сé за да се сочува Шенген, кој беше доведен во прашање кога земјите членки, соочени со масовните прили на мигрантите, почнаа да ги затвораат своите граници и да воведуваат привремени контроли, кои би можеле да станат и трајни доколку не се осигури поефикасен надзор на надворешните граници на ЕУ.„Сакам да бидам потполни јасен: додека сум јас претседател на ЕК, ќе сторам сé што е можно за да го заштитиме он што го изградивме и да го направиме подобро. Сакаме да го заштитиме сето она што го претставува Шенген и во тоа сме порешителни од кога и да е. Шенген е тука за да остане. Ние Европејците немаме повеќе многу граници, имаме само една граница и заедничка одговорност да ја заштитиме“, порача Јункер.Додаде дека според предлогот на ЕК, земјите членки го задржуваат суверенитетот на своите граници, а дека Европската гранична и крајбрежна стража ќе го следи приливот на имигрантите во целата ЕУ, ќе ги идентификува слабите точки и ќе бара од земјите членки да ги преземат неопходните мерки. Меѓутоа, доколку проблемот не се решава, ЕК ќе мора да интервенира и да ги испрати европските граничари. „Доколку постои сериозен проблем на нашите надворешни граници, ние не можеме да стоиме отстрана и да не правиме ништо. Мораме да дејствуваме“, рече Јункер.Една од најважните теми на самитот ќе биде прашањето на Велика Британија. Челниците на ЕУ ќе се обидат да постигнат договор околу реформите коишто ги бара Лондон, за да остена во Европската унија. На овој самите цел е да се постигне политички договор за преостанатите отворени прашања, за да може конечниот договор да се обликува до февруари 2016 година.Британскиот премиер Дејвид Камерон во ноември објави четири главни подрачја за коишто бара реформи во ЕУ, за да може на своите избирачи да им препорача да гласаат за останување во Унијата на референдумот кој го вети до крајот на 2017 година. Референдумот би можел да се одржи и многу порано, а како можни датуми во британските медиуми се споменуваат јуни или септември 2016 година.Кога станува збор за британските барања, постигнат е одреден напредок, а најтешкото нерешено прашање останува прашањето на социјалните надоместоци и слободата на движењето, односно британското барање да се ограничи ткн „социјален туризам“, односно правото на државјаните на другите земји членки на ЕУ на социјални бенефиции во Велика Британија. Лондон бараше работниците од другите земји членки да мораат да работат најмалку четири години во Велика Британија пред да добијат право на социјални бенефиции кои ги имаат домашните работници, што претставува дискриминација и е во директна спротиставеност со принципите и прописите ко владеат во ЕУ., , Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во средата во Бундестагот дека сака да постигне договор со Велика Британија според кон британската влада би можела да води кампања за останување во ЕУ, но тој договор не смее да биде на штета на темелните принципи на ЕУ, како што е слободата на движењето.„Од една страна, ние сакаме да постигнеме договор со кој британската влада би можела да води успешна кампања за останување во Унијата на референдумот. Од друга страна, пак, не сакам и нема да ги доведеме во прашање основните начела на европските интеграции, Тоа го вклучува и принципот на слободата на движењето и принципот на недискриминација меѓу европските граѓани“, порача германската канцеларка.На самитот, исто така, ќе се разговара и за јакнењето на Европската економска и монетарна унија, за внатрешниот пазар, енергетската унија и за ситуацијата во Сирија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети

Објавено пред

Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.

dobivaj vesti na viber

„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.

Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.

Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95

Објавено пред

Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.

Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

Прикажи повеќе...

Европа

Литванскиот претседател: Дијалогот со Путин е илузија, Кремљ не сака мир

Објавено пред

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека Европа мора да биде подготвена за долгорочната закана од Русија и дека Москва нема намера да застане дури ни по војната во Украина. Во интервју за „Киев пост“, тој рече дека „империјалните амбиции“ на Русија се трајни и дека Европа мора да изгради „ѕид на одвраќање“.

dobivaj vesti na viber

„Ситуацијата е сложена и полна со предизвици“, рече Науседа, додавајќи дека клучната разлика од минатото е што Литванија сега е дел од НАТО и ЕУ. „Членството во Европската унија е „за подобар живот“, а членството во НАТО е „за цел живот“, рече тој. Тој нагласи дека заканата од Русија нема да се повлече со крајот на војната во Украина.

„Империјалните амбиции на Русија нема да исчезнат откако ќе заврши војната во Украина. Заканата ќе остане“, рече тој. „Можеби следниот пат целта нема да биде Украина, туку источниот дел на ЕУ или ЕУ како целина. Мора да бидеме подготвени. Мора да изградиме ѕид на одвраќање“, рече тој.

Зборувајќи за војната во Украина, Науседа рече дека не е оптимист за брзо решение. „САД се клучниот актер тука и само тие можат да ја турнат Русија во ќош и на преговарачката маса“, рече тој. Тој нагласи дека Русија, според него, нема намера да ја заврши војната. „Гледам дека Русија апсолутно нема намера да ја заврши оваа војна.

Тие си играат за време за да заземат повеќе украинска територија“, рече тој. Додаде дека Русија напаѓа цивили и инфраструктура и ја „оружува“ зимата, што го опиша како „длабоко циничен“ пристап. Тој рече дека нема големи очекувања за трилатералните разговори. „Од руска страна, гледам само имитација на преговорите и обиди за купување време“, рече тој.

Науседа рече дека некои во Европа ги повторуваат старите грешки кога верувале дека разговорите со Путин ќе дадат резултати. „Се сеќаваме на бројни средби и повици со Путин, а резултатот беше нула“, рече тој. Додаде дека Путин не ја гледа Европа како воена сила. „Тој не се плаши од Европа. Тој не се однесува кон Европа како кон партнер кого мора сериозно да го сфати. Тој се плаши само од Соединетите Американски Држави, а тоа е значајна лост“, рече тој.

Тој рече дека Европа треба да ги зајакне односите со Соединетите Американски Држави и да ја зајакне преговарачката позиција на Украина, наместо да се обидува директно да преговара со Москва. „Подобар пристап е да се координира со Соединетите Американски Држави и да се зајакне преговарачката позиција на Украина“, рече тој.

Науседа рече дека Литванија силно го поддржува проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Украина. „Литванија е меѓу најсилните застапници за што е можно поскоро пристапување на Украина“, рече тој. Додаде дека Литванија предлага перспектива за членство за Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија до 2030 година, нагласувајќи дека датумот не е обврзувачки, туку политичка цел.

Зборувајќи за партиите и политичарите кои тврдат дека „ова не е наша војна“ и се залагаат за ресетирање на односите со Русија, Науседа рече дека е „штета“ што не научиле ништо. „Тие се однесуваат како деца и никогаш не растат“, рече тој, додавајќи дека војната не ја засега само Украина, туку претставува предизвик што Русија го фрла врз европскиот модел на управување, владеењето на правото и демократијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија6 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија8 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија10 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија11 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија12 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија12 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија12 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија13 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија13 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија13 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија13 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија14 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа15 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет16 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет16 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет16 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет17 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...