Европа
Бродот „Коста Конкордија“ тргна на своето последно патување
Луксузниот брод „Коста Конкордија“, што се насука во Италија пред две ипол години, в среда ќе биде отстранет од островот Џиљо и ќе биде пренесен во Џенова каде што ќе биде исечен на делови.
Бродот „Коста Конкордија“ во 2012 година удри во гребен кај островот Џиљо во Тоскана при што се преврте и потона до половина. Операцијата за неговото исправување беше од невидени размери, а истата почна во септември минатата година. Од тогаш експертите од потонатиот брод долг 290 метри, двојно поголем од Титаник, ја испумпуваа водата од него и го подготвуваа за последната пловидба.
Таквата операција компанијата „Коста“, во чија сопственост е бродот, ја чинеше 1,5 милијарди евра.
Бродот „Коста Конкордија“ тежи 114.500 тони. До Џенова ќе го влечат два брода, а ќе го следат уште 12 чии екипажи ќе собираат сé што ќе падне од бродот и ќе следат дали од него ќе истекува гориво за веднаш да реагираат.
Со оглед на тоа што овој ризичен конвој ќе помине и низ територијалните води на Франција, министерката за заштита на животната средина Сеголен Ројал најави дека ќе ја следат операцијата со посебен брод што предизвика гнев кај властите во Италија кои велат дека направиле сé за да спречат „Конкордија“ да доживее уште една несреќа.
Луксузниот брод за крстарење, во мирни временски услови, се насука на гребен и се преврте на островот Џиљо на 13 јануари 2012 година. Причините за несреќата и одговорноста на екипажот и понатаму се утврдуваат на суд. Причината најверојатно лежи во тоа што бродот пловел многу близу до брегот каде што морето е поплитко.
Во несреќата загинаа 32 лица, а на бродот имало 4.229 патници и членови на екипажот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

