Европа
Бунтовниците тврдат дека собориле два авиона, Киев дека едниот е соборен со ракета од Русија
Ткн министерство за одбрана на самопрогласената Народна Република Луганск во источна Украина објави дека нејзините сили собориле два авиона на украинската армија чиишто екипажи се заробени, додека министерството за одбрана во Киев го потврди соборувањето на транспортниот авион „Ан-26“ кој учествувал во операциите против проруските ткн народни милиции за самоодбрана и оти тој „најверојатно е соборен со ракета од руска територија“.
Свет
„Да, потврдуваме дека соборивме два авиона и заробивме неколку луѓе. Имаме потврда за двајца заробеници“, изјавил за руската новинска агенција РИА Новости ткн министер за одбрана на самопрогласената Народна Република Луганск, Игор Плотницки. Според него, авионите биле соборени од противвоздушната одбрана од територијата на Луганск.
„Првиот бил разузнавачки, а вториот десантен. Десантниот авион не лета на височина од 6,5 километри, туку тоа е височина за разузнавањето. Тоа (шпионирањето од таа височина) може да биде многу непрецизно. Оттаму, сметам дека височината изнесувала 3 илјади метри“, додал Плотницки.
Претходно во понеделникот службата за односи со јавноста објави дека луганските бунтовнички сили собориле авион на украинската армија недалеку од границата со Русија. Вториот авион бил урнат во областа близу селото Лисичанск, во Луганската област.
На официјалната интернет страница на украинскиот претседател Петро Порошенко во е објавена информација дека членовите на екипажот на соборениот транспортен авион од типот „Ан-26“ урнат во регионот на Луганск, стапиле во контакт со Генералштабот на украинската армија, а дека Министерството за одбрана претпоставува дека против леталото можно е да било употребено оружје од територијата на Руската Федерација, пренесува украинската агенција УНН.
Службата за односи со јавност на украинскиот претседател истакнува дека авионот „Ан-26“ летал на 6.500 метри височина, на која не е возможно да биде погоден со преносни противвоздушни системи, со какви што располагаат проруските бунтовници, во контекстот на тврдењата дека преку руската граница се доставуваат и користат новоразвиени руски ракетни системи.
И новиот министер за одбрана на Украина, Валериј Хелетеј потврдил дека бил остварен контакт со екипажот на соборениот авион. Но, не навел дали има жртви, ниту нивниот евентуален број. Хетелеј, исто така, рекол дека авионот летал на 6,5 километри височина, па според него не можел да биде соборен со оружјето што го користат „сепаратистите“. „Значи, авионот е соборен со моќно ракетно оружје коешто веројатно е истрелано од територијата на Руската Федерација“, истакнал украинскиот министер.
Меѓутоа, портпаролот на украинските сили што ја водат ткн „антитерористичка операција“ на прашањето дали може да потврди дали некои преживеал одговорил „не“, пренесува британската агенција Reuters. Портпаролот Владислав Селезнев рекол дека во тек е операција за спасување во близина на границата со Русија, југоисточно од градот Луганск каде што се водат жестоки борби со бунтовниците. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

