Европа
Буркините забранети во уште еден град во Франција
Одморалиште на островот Корзика во понеделникот стана третото место во Франција кое ги забрани буркините, костимот за капење кој го прекрива целото тело и какви сé почесто носат муслиманските жени на плажите во Европа, а особено во Франција.
Претходно градовите Кан и Вилнев-Лобе вечќе ги забранија буркините, аргументирајќи дека ваквата гардероба, којашто го прекрива целото тело освен лицето, шаките и стапалата, е спротивен на секуларните закони во Франција.
Ањ-Пјер Вивони, социјалистички градоначалник на градот Сиско на Корзика изјави за локалните медиуми дека буркините не се прифатливи во неговиот град.
„Таквите работи тука ги провоцираат луѓето“, смета Вивони и додава дека не цели на муслиманите, туку на исламските фундаменталисти на островот. „Тие луѓе нема што да бараа тука“, истакнува Вивони.
Со забраната на буркините се сака да се заштитат жителите од северноафриканско потекло, но и останатиот дел од заедницата, смета Вивони,
„Граѓаните на Сиско живеат во постојан страва. Тука има многу провокатори. Живееме на темпирана бомба“, заклучува Вивони.
Претходно во понеделникот во корзиканската престолнина Бастилја се одржа протести, по инцидентот од неделата токму во Сиско каде пет лица беа повредени а три автомобила запалени, по тепачката која избувнала откако туристи сакале да фотографираат неколку жени кои се капеле во буркини.
Појавата на бурки и хиџаби во модните колекции во март годинава го критикуваше и министерката за женски права Лоренс Росињол, којашто муслиманките со хиџаби ги спореди со американските црнци кои го прифатиле ропството и кога било укинато, што предизвика остри реакции.
На традиционалните облеки за муслиманските жени – бурката и хиџабот во Франција не се гледа позитивно. Тие се забранети да се носат во образовните институции и во јавните служби.
Законот кој стапи во Франција на сила 11-ти април 2011 година го забранува носењето на јавни места и на улици „целосен превез“, како што се иранската паранџа, арапските никаб и бурка, кои се широко прифатени кај Авганистанките и Пакистанките. Сите видови муслимански облеки за жените целосно ја прекриваат фигурата на жената а бурката го прекрива целосно и лицето. Според законот, појавувањето на јавно место, како улици, паркови, плажи, продавници, ресторани, театри, железнички станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски објекти и во јавниот превоз, со целосно покриено лице повлекува казна од 150 евра.
На муслиманските жени во Франција им е дозволено да ги носат споменатите видови облека кои ги прекриваат лицата дома, во хотелски соби, во простории организации од затворен тип, на места за вршење богослужба и на верски процесии.
Во летото 2014 година Европскиот суд за човекови, решавајќи по жалби, донесе мислење дека ваквиот закон, кој е на сила и во други европски земји, е валиден./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

