Европа
Чавушоглу: Ајат Бумедиуен влегла во Сирија на 8-ми јануари

– Фотографии на Ајат Бумедиен поставени на Twitter
Ајат Бумедиен, 26-годишната девојка на напаѓачот од парискиот кошер супермаркет кого во петокот го ликвидираше француската полиција, влегла во Сирија на 8-ми јануари од Турција, изјави во понеделникот турскиот министер за внатрешни работи Мевлут Чавушоглу, со што ги потврди информациите од саботата на француското радио RTL.
Ајат Бумедиен, 26-годишната девојка на напаѓачот од парискиот кошер супермаркет кого во петокот го ликвидираше француската полиција, влегла во Сирија на 8-ми јануари од Турција, изјави во понеделникот турскиот министер за внатрешни работи Мевлут Чавушоглу, со што ги потврди информациите од саботата на француското радио RTL.
Осомничената за соучесништво во минатонеделните напади во Франција, Ајат Бумедиен, за која француската полиција објави потерница во која наведе дека е „вооружена и опасна“, сомневајќи се дека маскирана успеала да излезе незабележана од супермаркетот за еврејска кошер храна во 20-от арондисман на Париз во петокот кога беа убиени четворица заложници и нејзиното момче 32-годишниот Амаду (Ахмед) Кулибали, според турскиот министер за внатрешни работи Мевлут Чавушоглу во изјава за агенцијата Anadolu.
Според овие датуми, Бумедиен вила во Турција и пред почетокот на нападите и ја минала границата кон Сирија уште додека напаѓачите во Париз беа во бегство. Чавушоглу додаде дека турската влада, штом дознала каде се наоѓа девојката од потерницата, веднаш ги известила француските колеги.
Во саботата француското радио RTL објави дека осомничената за учество во терористичките напади во Франција изминатите денови, Ајат Бумедиен, ја минала границата меѓу Турција и Сирија уште на 8-ми јануари. Според информациите на радиото таа на 2-ри јануари резервирала авионски билет од Мадрид за Истанбул. Според тоа, Ајат Бумедиен тешко дека можела да биде директно вклучена во злосторствата коишто се одиграа во француската престолнина Париз уште од средата следните неколку денови.
Според информациите на турските безбедносни служби што ги објавија во саботата навечер тамошните медиуми, Бумедиен уште на 7-ми јануари, пред нападите ја минала границата меѓу Турција и Сирија. Турските безбедносни служби не добиле претходно информации од своите француски колеги дека е издадена потерница по неа или, пак, дека е сомнечена за учество во каква и да е терористичка активноста, поради што и немале основа да ја задржат.
Осомничената 26-годишна соучесничка на Ахмад (Амеди) Кулибали, осомничен за убиството на полицајката во квартот Монруж во четвртокот и за заложничката криза од петокот во 20-от арондисман на Париз во кошер супермаркет кога беше убиен, Бумедиен во моментов според медиумите е „најбараната жена на територијата на Франција“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев и други украински региони доцна синоќа.
Проблеми со притисокот на водата беа пријавени и во делови од украинскиот главен град, објави Ројтерс. Градската администрација на Киев соопшти на платформата Телеграм дека преоптоварувањето предизвикало проблеми во една од главните електрани во градот.
Три централни области на Киев на западниот брег на реката Днепар останаа без електрична енергија. Како резултат на тоа, метрото во Киев мораше привремено да се потпира на резервна електрична енергија за да продолжи со работа, објави Ројтерс.
Градската власт подоцна објави дека службите за итни случаи ја вратиле струјата во погодените области, иако сè уште се пријавуваат прекини на електричната енергија во некои области. Администрацијата додаде дека притисокот на водата ќе се врати на нормално ниво во рок од два до три часа.
Укренерго, компанијата што управува со високонапонските далноводи во Украина, соопшти дека проблемите предизвикани од руските напади врз електроенергетскиот систем предизвикале прекини во електричната енергија низ северна, централна и југоисточна Украина.
Русија ги фокусираше своите напади врз енергетски цели во Украина во последните недели. Серија напади врз Киев и други области оставија милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија минатата недела.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области, соопштија локалните власти.
Регионалниот гувернер Олех Синиехубов напиша во Телеграм дека руските сили користеле наведувани бомби за да ги нападнат областите Немишљански и Слободски на југоисток и областа Шевченковски на север од градот.
Градоначалникот Ихор Терехов, во интервју за локална телевизија, рече дека три бомби оштетиле болница и погодиле далноводи. Речиси 30.000 корисници биле погодени од прекинот на електричната енергија.
🤬 Kharkiv under attack by KABs. Severe fires in the city and partial power outage pic.twitter.com/Vkp3Cjb37m
— The Ukrainian Review (@UkrReview) October 13, 2025
Тој рече дека четири лица се повредени, повеќето од расфрлани стакла, а некои пациенти се префрлени на други одделенија. „За жал, болницата беше доста оштетена и внатре имаше пациенти. Четири лица беа повредени во различен степен, а околу 200 прозорци беа скршени“, рече Терехов.
„Нападите се главно врз енергетски цели – производство, пренос, електрична мрежа. Целта е електричната мрежа да престане да работи.“
Во последните недели, руските сили ги концентрираа своите напади врз цели поврзани со електричната мрежа и гасната индустрија на Украина, како што се приближува зимата во повеќе од 3 и полгодишната војна.
Масовниот напад врз Киев и другите центри минатата недела остави повеќе од еден милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија низ целата земја. Снабдувањето со вода беше исто така прекинато.
Европа
Неколку возови во Украина запрени поради закани за бомба

Анонимни закани со бомби повторно го нарушија железничкиот сообраќај низ Украина, соопштија вчера властите.
Полицијата соопшти дека патнички воз што се движел кон Запорожје бил принуден да застане во селото Бурштин, каде што патниците биле евакуирани на безбедно растојание додека експерти и кучиња трагачи ги пребарувале вагоните за експлозиви. Откако добиле дозвола за патување, возот го продолжил своето патување.
Според новинската агенција УНИАН, неколку други возови во различни региони исто така биле запрени и проверени по слични закани. Меѓу нив била и линијата Днепар-Будимпешта што ја поврзува Украина со Унгарија.
Слични инциденти се пријавени во последните денови, иако не се пронајдени експлозивни направи во ниту еден од засегнатите возови, вклучително и на меѓународните линии. Сепак, превентивните проверки предизвикаа доцнења. Властите досега не дале информации за можните мотиви или потекло на заканите.
фото: принтскрин