Европа
Челниците на Донецк и Луганск го потпишаа договорот на ’четворката’ – договор
Челниците на одметнатите источни украински региони и самопрогласени ткн. „народни републики“ Донецк и Луганск, Александр Захарченко односно Игор Плотницки, сепак, го потпишаа договорот кој претходно во Минск го постигнаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија за надминување на кризата и запирање на крвопролевањата во Украина.
Челниците на одметнатите источни украински региони и самопрогласени ткн. „народни републики“ Донецк и Луганск, Александр Захарченко односно Игор Плотницки, сепак, го потпишаа договорот кој претходно во Минск го постигнаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија за надминување на кризата и запирање на крвопролевањата во Украина.
Претходно агенциите пренесоа дека двајцата челници на рускојазичните бунтовници на состанокот на Контактната група, кој се одржуваше паралелно во белоруската престолнина со средбата на четворицата челници, одбиле да го потпишат договорот постигнат по 16-часовните преговори. Кусо подоцна германската канцеларка Ангела Меркел за новинарите изјави дека челниците на одметнатите „републики“ во Донбас, Александр Захарченко и Игор Плотницки, сепак, под влијание на рускиот претседател Владимир Путин го потпишале договорот со кој се предвидува во прв ред безусловен прекин на огнот кој ќе стапи на сила на полноќ на 15-ти февруари.
Притоа, Захарченко од своја страна истакна дека точките од договорот бараат дополнително појаснување, пренесува агенцијата ТАСС.
„За сите точки (од договорот) потребни се дополнителни усогласувања, притоа, доколку има нови нарушувања на нив, нема да има никакви нови средби и меморандуми“, порача Захарченко.
Притоа истакна дека „благодарение на гаранциите на претседателот на Русија, канцеларката на Германија и на претседателот на Франција, денеска го потпишавме договорот, којшто, како што ние се надеваме, ќе стави крај на непријателството и ќе дозволи Донецката народна република и Луганската народна република ќе започнат мирна изградба за доброто на нашиот народ“.
„Со овој чекор, ние ќе помогнеме да се промени и самата Украина“, смета шефот на самопрогласената република.
Текстот на заедничкиот документ беше донесен по 16-часовните преговори во Палатата на независноста во Минск, меѓу претседателите на Украина, Русија и Франција, односно Петро Порошенко, Владимир Путин и Франсоа Оланд, и германската канцеларка Ангела Меркел, кој прво челниците на проруските бунтовници одбија да го потпишат.
Паралелно со преговорите на четворката се водеа и преговорите на Контактната група, во која од украинска страна учествуваа специјалниот претставник за хуманитарни прашања, челникот на граѓанската организација Украински избор, Виктор Медведчук и поранешниот украински претседател Леонид Кучма. Побунетиот рускојазичен украински југоисток го претставува челниците на самопрогласените Народни републики во Донецк и во Луганск, етничкиот Украинец, Александар Захарченко и Игор Плотницки. На преговорите учествува и специјалниот претставник на ОБСЕ, Хајди Таљивиани, и рускиот амбасадор во Киев, Михаил Зурабов, кои беа посредници во преговорите.
Текстот на договорот од Минск:
1. Итен и сеопфатен прекин на огнот во одделни области на Донецкиот и Луганскиот регион на Украина и негово строго спроведување со почеток од 00 часот и 00 минути (по киевско време) на 15-ти февруари 2015 година.
2. Повлекување на целото тешко вооружување од двете страни на еднакво растојание со цел да се создаде безбедносна зона најмалку од 50 километри во широчина од најмалку 50 километри едни од други за артилериските системи со калибар до 100 мм и повеќе, демилитаризирана зона со широчина од 70 км за повеќецевни ракетни системи и со широчина од 140 км за повеќецевните ракетни систем од типот „Торнадо-С“, „Ураган“, „Смерч“ и тактичките ракетни системи „Точка“ („Точка У“): – за украинските војски од фактичката од сегашната линија на раздвојувањето; – за вооружените формации на одделните области од Донецкиот и Луганскиот регион на Украина од линијата на раздвојување заклучно согласно со меморандумот од Минск од 19-ти септември 2014 година.Повлекување на повеќецевното тешко вооружување треба да започне не подоцна од вториот ден по прекинот на огнот и да заврши во рок од 14 дена.
Во овој процес ќе содејствува ОБСЕ со поддршка на Тристраната Контактна група.
3. За да се обезбеди ефикасно следење и проверка на прекинот на огнот и повлекувањето на тешкото вооружување од страна на ОБСЕ од првиот ден на повлекувањето, ќе се применуваат сите неопходни технички средства, вклучително сателити, беспилотни летала, радарски системи итн.
4. Од првиот дена на повлекувањето ќе започне дијалогот за модалитетите за спроведување локални избори во согласност со украинското законодавство во и Законот на Украина „За привремениот режим на локалната самоуправа во одделни области на Донецкиот и Луганскиот регион“, како и за идното функционирање на овие региони врз основа на посочениот закон.Веднаш, не подоцна од 30 дена, од денот на потпишување на овој документ, да се усвои резолуција во Врховната Рада на Украина со посочените територии, на коишто е воспоставен посебен режим во согласност со Уставот на Украина „ За привремениот режим на локалната самоуправа во одделни области на Донецкиот и Луганскиот регион“ врз основа на основната линија востановена со Минскиот меморандум од 19-ти септември 2014 година.
5. Осигурување помилување и амнестија преку донесување закон за забрана на прогон и казнување лица во врска со настаните што се случиле во одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион.
6. Осигурување ослободување на размена на сите заложници и незаконски притворените лица врз основа на принципот „сите за сите“. Тој процес мора да заврши најдоцна до петтиот ден по повлекувањето.
7. Осигурување безбеден пристап, испорака, складирање и дистрибуција на хуманитарна помош за оние кои имаат потреба од неа врз основа на меѓународниот механизам.
8. Одредување на модалитетите за целосно обновување на социо-економските односи, вклучително и социјалните исплати, трансфери, како што се пензиите и други давачки (приходи и доходи, навремена исплата на сите комунални сметки, обновување на оданочувањето во рамките на правната сфера на Украина);
За таа цел Украина ќе ја обнови контролата на сегментот на својот банкарски систем во регионите зафатени од конфликтот, и, веројатно, ќе биде создаден меѓународен механизам за олеснување на таквите трансфери.
9. Враќање на целосна контрола над државната граница на Украина од страна на владата на Украина во сите зони од конфликтот, кои треба да започна од првиот ден по одржувањето на локалните избори и да заврши по сеопфатното политичко регулирање (локални избори во одделни области на Донецкиот и Луганскиот регион врз основа на Законот на Украина и уставната реформа) кон крајот на 2015 година во услови на исполнување на точката 11 од консултациите и договорот со со претставниците на претставниците одделни области на Донецкиот и Луганскиот регион во рамките на Тристраната Контактна круга;
10. Повлекување на сите странски вооружени формации, воена опрема, како и наемници од територијата на Украина под надзор на ОБСЕ. Разоружување на сите илегални групи.
11. Спроведување на уставните реформи во Украина со стапување на сила до крајот на 2015 година на новиот устав, наменет како клучен елемент на децентрализација (земајќи ги предвид особеностите на одделните области од Донецкиот и Лугански регион), како и усвојување на постојано законодавство за специјалниот статус на одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион, во согласност со мерките утврдени во забелешката 1, до крајот на 2015 година.
12. Врз основа на Законот на Украина „За привремен режим на локалната самоуправа во одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион“ прашањата коишто се однесуваат на локалните избори, ќе бидат разгледувани и договарани со претставниците на одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион во рамките на Тристраната Контактна група. Изборите ќе бидат спроведени во согласност со релевантните стандарди на ОБСЕ со мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР.
13. Интензивирање на активностите на Тричлената Контактна група, вклучително и преку формирање работни групи за спроведување на соодветните аспекти од договорот од Минск. Тие ќе го одразуваат составот на Тристраната Контактна група.
Забелешка:
Ваквите мерки се во согласност со Законот „За специјален статус на локалната самоуправа во одделни области од Донецкиот и Луганскиот регион“ го вклучуваат следното:
Ослободување од казнивост, истражување и дискриминација на лицата поврзан со настаните кои се случија во одделните области од Донецкиот и Луганскиот регион;
Право на јазично самоопределување;
Учество на органите на локалната самоуправа во назначувањето на челниците на органите на обвинителството и судовите во одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион;
Можност за централните органи на извршната влада да заклучуваат со соодветните органи на локалната самоуправа договори за економски, социјален и културен развој на одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион.
Државата ќе дава поддршка за социјално-економскиот развој на одделните области од Донецкиот и Луганскиот регион;
Соработка од страна на централните органи на власта во прекуграничната соработка во одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион:
Создавање единици на народна милиција според решението на локалните совети со цел да се одржи јавниот ред во одделните области на Донецкиот и Луганскиот регион и
Овластувањата на пратениците од локалните совети и службени лица, избрани на предвремени избори, назначени од страна на Врховната Рада на Украина со тој закон, не можат да бидат предвремено прекинати./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

