Контакт

Европа

Челниците на ЕУ ја одбележаа 100-годишнината од Првата светска војна

Објавено пред

Челниците на земјите членки на Европската унија, , кои се собраа во четвртокот во Ипр, гратче во северозападна Белгија, каде што се одржа свеченоста на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

dobivaj vesti na viber

Шефовите на држави и влади го посетија музејот „На полињата на Фландрија“, им одадоа почести на загинатите и присуствуваа на инаугурацијата на „Клупите на мирот“ во градината на меморијалниот споменик Менин Гејт.Првиот ден од самитот челниците на ЕУ го завршија со работна вечера во градскиот совет во Ипр, на којашто разговараа за стратешките приоритети на ЕУ за следните пет години. Во петок самитот ќе продолжи вечерта во вообичаеното место – во зградата на Советот на Европската унија во Брисел. Вториот ден ќе започне со потпишување на договорите за Спогодбите за придружување со поранешните советски републики Украина, Грузија и Молдавија. Исто така, би требало да се разговара и за кандидатскиот статус на Албанија. Главната и најжешка тема на самитот, именувањето на новиот претседател на Европската комисија, оставена е за самиот крај. За тоа ќе се расправа во петок во текот на работниот ручек. Се очекува дека Европскиот совет е му го предложи на Европскиот парламент поранешниот луксембуршки премиер Жан-Клод Јункер за нов претседателот на Европската комисија и покрај жестоките спротиставувања на Велика Британија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Објавено пред

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.

Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.

Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.

Украина официјално не коментира до моментот на објавување.

Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Објавено пред

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.

Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.

Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.

На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.

Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија7 часа

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...

Македонија7 часа

Ивановска: 11 часа по објавувањето на кандидатурата за градоначалничка, полицајци затропаа на мојата врата

11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата, објави поранешната претседателка...

Економија7 часа

Муцунски: Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шеста во светот по обем на гринфилд-инвестиции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, денеска...

Македонија7 часа

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет10 часа

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет10 часа

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...

Македонија10 часа

(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор,...

Македонија12 часа

Владата: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид...

Свет12 часа

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп – Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Во 6.45 часот...

Свет13 часа

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион14 часа

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион14 часа

(Фото/видео) Просториите на СНС во Нови Сад целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија1 ден

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија1 ден

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија1 ден

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија1 ден

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет1 ден

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ1 ден

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...