Европа
Челничката на опозицијата ја повика Меркел да поднесе оставка
Челничката на германската десна партија која се противи на доселеничкиите политики — Алтернатива за Германија (AfD), во саботата во атмосфера на изблици на гнев против азилантските политики на канцеларката Ангела Меркел, ја повика да поднесе оставка поради политиката на отворени врати за имигрантите.
„Меркел, дајте оставка. Вие тоа го можете“, изјави Фрауке Петри на конвенцијата пред околу 600 приврзаници на AfD, алудирајќи на изјавата на германската канцеларка „Wir schaffen das“ (Ние го можеме тоа) упатена на оние кои се сомневаат дека Германија може да се справи со приливот од имигранти чиј број според очекувањата годинава би можел да достигне милион луѓе.Петри, чијашто Алтернатива за Германија доживува неверојатно заживување откако речиси исчезна во борбата за власт токму поради растечкото антиимгрантско расположение во Германија, рече дека нејзината има реални шанси да влезе во парламентите на уште три сојузни германски држави следната година, како првпат и во сојузниот парламент во 2017 година. Петри доби овации за нападите на, како што ја оцени, недемократската одлука на Меркел да ги отвори границите за имигрантите.Меркел, која ќе учествува во неделата на самитот на челниците на Европските унија и турскиот премиер Ахмет Давутоглу за прашањето на имигрантите, дава отпор на притисокот кој доаѓа од нејзините конзервативци да го ограничи бројот на имигрантите. Во обраќањето во Бундестагот во средата вети дека ќе опстане на политиката на отворени врати за имигрантите, пркосејќи им на критиките дома и во странство, кои јакнат поради можните безбедносните закани по терористичките исламистички напади од Париз. Меркел сака решавање на кризата од повеќе правци кои би се темелело на соработка со другите земји во ЕУ и Турција. Сестринската партија во нејзината владејачка коалиција баварската CSU сака да се ограничи приливот на имигранти.Фрауке Петри и Јерг Меутен ја преземаа AfD од Бернд Луцке, кој во јули ја напушти партијата којашто ја основаше во 2013 година за да се спротистави на спасувањата во еврозоната, наведувајќи го нејзиното скршнување во ксенофобија. AfD е трета партија на национално ниво со 10,5 отсто првпат овој месец во истражувањето на јавното мнение на институтот INSA, откако претходно во времето на Луцке освојуваше 3 отсто. Гласовите оваа партија ги земја од конзервативците од CDU на Ангела Меркел.Партијата AfD на конгресот во Хановер го претстави планот како да се стави крај на, како што го нарекуваат, „азилантскиот хаос“. Партијата сака драстично да се намали бројот на имигранти ви Германија, меѓу другото и со одбивањето на Сиријците и Ирачаните кои доаѓаат од „сигурни трети земји“ како што се Турција и Либан и барателите на азил без лични документи. Исто така, сака намалување на периодот потребен за обработка на барањата за азил на 48 часа.Под водството на Петри, AfD ги привлече приврзаниците на крајната десница и функционери, предизвикувајќи критики од германските медиуми и политичари дека партијата станува ксенофобна. Петри рече дека нејзината партија е жртва на клеветничка кампања и ги нарече медиуми „Пинокио процес“ и „лажлив печат“. Додаде дека неконтролираниот прилив на баратели на азил ја зголемува опасноста од терористички напади како оние во Париз.AfD доби пратенички места во собранието на Хамбург во февруари годинава влегувајќи првпат во едно законодавно тели на западот од Германија, а оттогаш доби пратеници и во Бремен. Од претходно е застапена во Саксонија, Тирингија и Бранденбург во источна Германија, каде што е најголемата одбојност кон имигрантите, и станува сé позначајна партија на национално ниво. Најголемата проверка за партијата ќе бидат сојузните избори во 2017 година. Сопретседателот Меутен изјави дека е убеден дека за две години ќе влезе во Бундестагот со 20 отсто од гласовите на избирачите. Според него, AfD не е десна партија. „Се залагаме за силен патриотизам отворен кон светот и сакаме тука и натаму да живееме со нашите деца и внуци“, изјави додавајќи дека и покрај навредите од медиумите и под политичките противници, толку луѓе сакаат да ` пристапат на партијата, што таа не стигнува да ги обработи барањата./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

