Европа
Централна Европа го одбива британското барање за ограничување на слободата на движењето

Полска, Унгарија, Словачка и Чешка, соопштија во четвртокот дека ќе го одбијат секое британско барање за измени на законите во Европската унија коишто би воделе кон дискриминација на нивните државјани или би ја ограничиле слободата на нивното движење.
Британскиот премиер Дејвид Камерон одново ќе преговара за условите за членството на неговата земја во Европската унија во смисла на референдумот кој треба да се одржи кон крајот 2017 година. На британската јавност ѝ вети дека ќе се обиде да врати дел од контролата над бројката луѓе кои доаѓаат во Велика Британија.Камерон сака да го ограничи пристапот на имигрантите до британскиот систем на социјална помош и сака да ги отстрани во рок од шест месеци доколку не пронајдат работа, со што би го обесхрабрил нивното доаѓање на островот. Тоа би се однесувало и на другите земји од Европската унија, особено на поранешните комунистички.„Можеме да ги поддржиме оние делови од британскиот предлог за реформи коишто ќе ја модернизираат Европската унија, особено кога станува збор за компетитивноста и поголемата улога на националните парламенти“, наведуваат во соопштението четирите земји на ткн Вишеградска група, која заеднички го водеа процесот на пристапување кон ЕУ.„Имајќи предвид дека Вишеградската група ја смета слободата на движењето за една од основните вредности на ЕУ, предлозите во поглед на оваа област се најчувствителните за нас. Во тој поглед нема да поддржиме ниедно решение кои би било дискриминирачко или би ја ограничила слободата на движењето“, се наведува во соопштението распространето во текот на првиот ден од европскиот самит во Брисел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешкиот претседател: Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за хакирање

Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за државно спонзорирано хакирање и шпионажа, изјави чешкиот претседател Петр Павел за „Фајненшл тајмс“.
„Пекинг и Москва се „еднакви во однос на сајбер заканата““, рече тој, додавајќи: „Сведоци сме на сајбер напади од двете страни, речиси на исто ниво“.
Минатиот месец, Чешката Република ја обвини Кина дека е одговорна за „злонамерна кибер кампања“ насочена кон мрежа што се користи за некласифицирани комуникации во нејзиното Министерство за надворешни работи.
Кина ги отфрли обвинувањата.
Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.