Европа
Чешка и Словачка за железнички коридор кон Германија за мигрантите
Чешкиот и словачкиот министер за внатрешни работи во петокот ја најавија можноста за воспоставување железнички коридор за мигрантите на патот од Унгарија кон Германија, откако премиерите на средноевропските земји изразија противење на квотите, задолжителниот број бегалци кои секоја земја членка на Европската унија би требало да ги прими.
Прашањето на коридорот ќе биде разгледано доколку Унгарија и Германија постигнат договор за решавање на големиот прилив бегалци, според министрите на Чешка и Словачка.
„Доколку Германија јавно се обврзе дека ќе прими и дека нема да ги враќа Сиријците кои се регистрирани во некоја друга европска земја, и доколку Унгарија и Германија постигнат договор, подготвени сме да го отвориме коридорот“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Милан Чованец по средбата со словачкиот колега Роберт Калинак.
Унгарија стана главната земја за влез на бегалците кои пристигнуваат во ЕУ, откако Грција ги насочи кон Македонија, и преку Србија пристигнуваат на унгарска територија од каде имаат намера да се префрлат во богатите западноевропски земји. Унгарската влада е една од најгласните противници во ЕУ на масовната миграција, за што смета дека може да предизвика демографски промени и економски проблеми на европскиот континент.
Премиерите на Чешка, Словачка, Полска и Унгарија, од ткн Вишеградска група, одлучно се противат на задолжителните квоти за членките на ЕУ. Британија, Ирска и Данска, откако во мај го одбија договорот за распределба на беглаците според квоти пресметани според бројот на населението, невработеноста и досегашната миграција, во петокот неофицијално најавија дека се подготвени да примат симболични бројки мигранти, додека Норвешка соопшти дека не е расположена за згрижување бегалци.
„Секој дебата за квотите служи само за одвраќање на вниманието од поважните теми. Таа не се занимава со клучниот проблем кој е поврзан со состојбите во земјите како Сирија или Либија, прашањето на заштита на границите (на ЕУ), регистрацијата на бегалците во земјите во кои прво ќе влезат, како и со регулацијата на миграциите внатре во ЕУ“, забележа во петокот чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
Додаде дека во задничака декларација се истакнува дека ЕУ и змејите членки мора да преземат дипломатски акции во ОН за стабилизирање на ситуацијата во земјите извори на масовните миграции со вклучување на сите меѓународни субјекти, особено САД и Русија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.
Европа
Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици
Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.
Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа.
Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.
Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.