Европа
Чешката полиција во бегалски камп откри самоделно оружје
Кај повеќе лица кои се згрижени во центарот за прифаќање на бегалци во селото Випни Лхоти во североисточна Чешка открила рачно изработени ножеви и други остри предмети, изработени од скршени парчиња мебел, како и од прибори за јадење кои не ги вратиле по добивањето на оброците.
Како што објави прашкиот портал Idnes, полицијата во центарот била повикана од чешките волонтери кои нашле неколку скршени столици и маси, поради што се посомневале дека нешто не е во ред. Полицијата потоа направила претрес на бегалците и нивните предмети, и откриле многу остри предмети.
Меѓу рачно изработените „оружја“ на бегалците биле оние направени од метални предмети од масите и скршените столици, вилушки за јадење, жилети прицврстени за дрвени предмети, како и други остри предмети. Истрагата на полицијата и психолозите во засолништето покажало дека овие предмети бегалците ги направиле за да се чувствуваат безбедни меѓу своите другите бегалци во центарот.
Според психологот Ростислав Неснидлав, луѓето коишто се згрижени во кампот во чешка потекнуваат од земји каде што секојдневното носење оружје е вообичаено особено во заднината на воениот конфликт таму. Според вработените во центарот во селото Вишни Лхоти, вербалните расправии или пресметката со голи раце се речиси секојдневни, но досега не било регистрирана употреба на таквото рачно изработено оружје. Сепак, локалната полиција најави дека контролата врз жителите на бегалскиот камп ќе биде зајакната.
Во споменатиот центар, кој е во надлежност на чешкото министерство за внатрешни работи, сместени се 240 жители од повеќе од разни земји од Африка и Блискиот исток, главно мажи. Најголемиот дел од нив не добиле решение за азил во Чешка и наскоро ќе бидат депортирани од земјата.
Во четвртокот селото Вишни Лхти го посети чешкиот претседател Милош Земан кој разговараше со локалното население кое повеќепати протестираше против згрижувањето на бегалците во споменатиот центар. Притоа на бегалците им порача дека мора да ги почитуваат правилата и традициите во земјите во кои дошле, или во спротивно да се вратат во своите татковини.
До август годинава на територијата на Чешка се влезени 6.092 странски државјани, што е двојно повеќе отколку за целата претходна 2014 година. Повеќе од 95 отсто од имигрантите ја сметаат Чешка за транзитна земја на патот кон западноевропските земји, во прв ред Германија и Шведска, кои имаат поблаги закони за азил и каде што социјалната помош е многу поголема, но постојат и големи муслимански заедници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

