Европа
CNN: Малезискиот авион над Украина го соборила ракета истрелана од проруските сепаратисти

Малезискиот патнички авион што беше погоден над Украина, го собориле проруските сепаратисти, тврди американскиот телевизиски канал CNN, повикувајќи се на детали од извештајот на истражните органи, кој официјално сè уште не е објавен.
Откако било утврдено дека авионот на Малезијан ерлајнс бил погоден од ракета, по што леталото се распаднало уште во воздух, холандските истражители заклучиле дека сите докази упатуваат на тоа дека за нападот на MH-17 се одговорни проруските бунтовници.
Нацрт извештајот има неколку стотици страници и го опишува летот на MH-17 од минута во минута, при што укажува од каде е точно истрелана ракетата, односно од која територија и кој во тоа време ја контролирал таа територија. Произлегува дека сè упатува на проруските сепаратисти.
Во извештајот е обвинета и самата авиокомпанија Малезија ерлајнс, која не ги зела предвид предупредувањата дека треба да ја избегнува коридор-трасата на истокот на Украина, па продолжиле со опасните летови над завојуваното подрачје.
Се очекува финалниот извештај да биде завршен и објавен на почетокот на октомври 2015 година. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.