Европа
Данска и Шведска ја продолжија граничната контрола до ноември
Данска и Шведска во средата известија дека до ноември ќе ја продолжат контролата на границите воведена кон крајот на 2015 година поради ограничувањето на мигрантите кои влегуваат на нивните територии.
Европската комисија на почетокот од мај вонредно одобри на шест месеци продолжување на контролата на внатрешните граници на пет земји во Шенгенскиот простор кои се крајно одредиште на мигрантите или земјите на новиот транзит како Германија, Австрија и трите скандинавски земји Данска, Шведска и Норвешка.
Овие дерогациски мерки кои се косат со принципот на слободно движење во Шенген, а ги одобрија земјите членки на Европската унија, воведени се минатата година поради миграциските притисоци.
„Бидејќи се уште не е пронајдено трајно решение за осигурување на надворешните граници на Европа, задоволна сум што сме во можност да ја продолжиме граничната контрола барем до 12-ти ноември“, изјави во средата данската министерска за доселување и интеграција, Ингер Стојберг, се наведува во соопштението
Нејзиниот шведски колега за внатрешни работи, Андерс Јигемен, изјави дека контролата на границите до 11-ти ноември,
Шведска и Данска во текот на минатата 2015 година примиле 1630.00, односно 21.000 барања за азил./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух
Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го прикажува авионот како се распаѓа во воздух.
Ан-22 се урна минатиот вторник. Руската државна новинска агенција Тасс објави, повикувајќи се на службите за итни случаи, дека сите седум членови на екипажот загинале во несреќата.
✈️Moment of the crash of the Russian military transport aircraft An-22 https://t.co/TnvYdBNXB9 pic.twitter.com/7u5xoRh2wx
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) December 14, 2025
Се верува дека инцидентот е предизвикан од технички дефект на авионот, кој е во употреба повеќе од 50 години, објави подоцна деловниот весник „Комерсант“, повикувајќи се на анонимни извори. Тасс соопшти дека авионот бил на закажан лет по поправките и се урна во близина на резервоар. Остатоците од авионот се пронајдени во водата.
Европа
Зеленски стигна во Берлин, ќе се сретне со американскиот преговарачки тим
Украинскиот претседател Володимир, Зеленски, пристигнал во Берлин, каде што во текот на денот треба да се сретне со американскиот преговарачки тим за да разговара за предлогот за постигнување мир во Украина.
– Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството со Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се случи. Сметаме на конструктивни разговори – рече Зеленски во објава на платформата X.
Тој рече дека сè уште не добил официјален одговор од Соединетите Американски Држави на најновите предлози за мировен план.
Пред неговото пристигнување, Зеленски нагласи дека сака да ги убеди Американците да ја поддржат идејата за замрзнување на фронтовската линија во Украина во нејзината сегашна состојба пред било какви преговори со Москва.
Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп.
Извори од германската влада за „Билд“ изјавија дека разговорите со претставниците на Украина во Берлин ќе траат два дена , а дека денес ќе се одржат прелиминарни разговори со советници за надворешна политика, вклучувајќи ги и претставниците на САД и Украина.
Европа
Речиси три четвртини од Европејците ја поддржуваат ЕУ, рекордна поддршка за еврото и за заедничка одбрана
Речиси три четвртини од граѓаните на Европската Унија (ЕУ) сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Унијата, покажува најновиот Евробарометар.
Според податоците, 59% од Европејците се оптимисти за иднината на ЕУ, а 73% се чувствуваат како граѓани на Унијата. Довербата во институциите останува висока, при што 48% изјавиле дека им веруваат на европските институции.
Анкетата покажува и рекордна поддршка за еврото – 74% од испитаниците го поддржуваат воведувањето на единствената валута, а во Еврозоната процентот изнесува 82%.
Во однос на заедничката одбрана и безбедност, 79% од граѓаните го поддржуваат воспоставувањето на заедничка политика меѓу земјите-членки, што е втор највисок резултат од 2004 година. Повеќе од две третини (67%) сметаат дека ЕУ е „место на стабилност“ во свет полн со немири, а 83% веруваат дека Унијата треба да ги диверзифицира трговските односи за да ја зајакне економската независност.
77% од Европејците сметаат дека инвазијата е закана за безбедноста на ЕУ, додека 73% ја поддржуваат економската блокада на Русија. Повеќе од три четвртини (81%) го поддржуваат приемот на бегалци од Украина, а 57% се согласуваат со финансирање на набавката и испораката на воена опрема за Киев.
Граѓаните сметаат дека главните приоритети на буџетот на ЕУ треба да бидат вработувањето, социјалните прашања и јавното здравје (42%), образование, култура и медиуми (36%) и одбрана и безбедност (35%).
Истражувањето, спроведено помеѓу 9 октомври и 5 ноември 2025 година во сите 27 земји-членки, вклучуваше 26.445 интервјуа лице в лице.

