Контакт

Европа

Die Welt: Австрија сака да ѝ помогне на Македонија во чувањето на границата

Објавено пред

Австрија ќе испрати опреа за да ѝ помогне на Македонија своите граници да ги држави затворени, со што и главната мигрантската рута да остане затворена, пишува во средата германскиот печат.

dobivaj vesti na viber

Минатата седмица Македонија ја затвори својата јужна граница кон Грција, откако тоа го сторија земјите од ткн балканска мигрантска рута, и откако на нејзината северна граница кон Србија останаа блокиран над илјада бегалци и мигранти. Луѓето кои во вторникот се обидуваа да ја мината границата беа принудени да се вратат назад во Грција, каде што околу 12.000 мигранти се спречени да ги продолжат патувањето кон северот на европскиот континент.„Австрија ѝ понуди помош на Македонија. Министерство за одбрана во моментов проверува може да помогне со испраќање техничка опрема, како што се специјални очила за ноќно набљудување“, изјави за германскиот весник Die Welt, австрискиот министер за одбрана Петер Доскозил.Балканската рута, главниот европски пат преку кој мигрантите сакаат да мина во настојувањето да стигнат до богатите земји на западот и северот од Европа, „мора по секоја цена да остане затворена“. Доскозил претходно во вторникот изјави и дека Австрија, кој го координираше воведувањето на рестрикција со државите од ткн западнобалканската рута, поради што илјадници мигранти останаа блокирани во Грција, ќе мора да воведе построги контроли на граничниот премин Бренер со Италија што би требало да осигури мигрантите коишто ќе го минат Медитеранот да не можат да го продолжат патот на север.Австрија минатата 2015 година добила повеќе од 90.000 барања за азил, со што според глава на жител е втората зад Шведска во Европа. За оваа година, го одреди лимитот на 37.500 баратели на азил.Македонија ќе ги преземе сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност, а безбедносните инситуции и во иднина, како и досега, ќе продолжат одговорно и професионално да се справуваат со бегалската криза, порача во вторникот ноќта претседателот Ѓорѓе Иванов по седницата на Советот за безбедност, по повод инцидентот од претходната ноќ кога  стотици мигранти  од територијата на Европската унија и Шенген-зоната се обидоа илегално да ја преминат државната граница, надвор од официјалниот граничен премин и да влезат во подрачјето во кое е прогласена кризна состојба. „Со затворање на балканскиот коридор, очекувано беше да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување во Македонија. Но, она што јас лично не го очекував е преземањето на крајно некоректни активности со кои потенцијално се загрозува целокупната регионална безбедност. Република Македонија ниту е членка на Европската унија, ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата“, порача претседателот Иванов./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина

Објавено пред

Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.

Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.

Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.

Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.

Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.

dobivaj vesti na viber

„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.

За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.

„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.

Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка

Објавено пред

Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.

dobivaj vesti na viber

На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.

Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.

Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.

Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.

„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.

Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.

„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија4 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија4 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет7 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија8 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија11 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија11 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија12 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија12 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија13 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија14 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија14 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија15 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет15 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет15 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет16 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија16 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...