Европа
Дијселблом за промена на ставот на Грција за новата програма за помош, САД сметаат дека се неопходни реформи
Претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселблом во вторникот вечерта изјави дека е доцна за продолжување на актуелната програма за меѓународна финансиска помош на Грција и дека односот на Атина кон доверителите и партнерите во еврозоната мора да се промени пред договорот за евентуална нова програма, а во телефонскиот разговор со своите колеги од Холандија, Италија и Франција, американскиот министер за финансии Џејкоб Ли истакна дека САД сметаат оти е неопходно да се продолжи со реформите во Грција.
Зборувајќи по телефонската седница на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата), Јероен Дијселблом истакна дека министрите повторно ќе се сретнат во среда и ќе го разгледаат новиот предлог на Грција
„Се чини дека политичкиот став на грчката влада не се променил“, истакна Дијселблом. Холандскиот министер за финансии додаде дека секој нов грчки план ќе биде разгледан дури по одржувањето на референдумот на 5-ти јули кој го свика владата во Атина барајќи од Грците да се изјаснат „за“ или „против“ предлогот на доверителите за продолжување на програмата за финансиска помош на земјата. Предупреди дека би можело да бидат поставени уште поостри критериуми.
Малку подоцна американскиот министер за финансии Џејкоб Ли, во телефонските разговори разговорите со Дијселблом, како и со министрите за финансии на Италија и Франција, Пјер-Карло Падоан односно Мишел Сапен, изјави дека Вашингтон е на ставот дека е неопходно да продолжат реформите во Грција.
„Ли истакна дека ангажирањето мора да ја подразбира приврзаноста на процесот за натамошни реформи во Грција и начините за одржување на прифатливо ниво на задолженост“, се вели во соопштението на министерството за финансии на САД.
Се додава и дека во одделните разговори Ли „истакна дека САД внимателно ја следат ситуацијата во Грција и потенцираше дека во интересот на сите страни и на светската економија е да се продолжи работата на изнаоѓање решение коешто ќе овозможи Грција да излезе на патот на реформите и обновување во рамките на еврозоната“.
Покрај тоа, Ли обратил внимание и на „важноста од продолжување на чекорите неопходни за поддршката на финансиската стабилност“./крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

