Европа
Доналд Туск ја презема должноста претседател на Европскиот совет

Поранешниот полски премиер Доналд Туск во понеделникот ја преземa должноста претседател на Европскиот совет, институцијата во која учествуваат претседателите на државите или владите на земјите членки на Европската унија.
Поранешниот полски премиер Доналд Туск во понеделникот ја преземa должноста претседател на Европскиот совет, институцијата во која учествуваат претседателите на државите или владите на земјите членки на Европската унија.
„Новиот претседател доаѓа од земја која од Европа беше одвоена со железната завеса. Денес, синот на Полска е на чело на најважната институција на ЕУ. Туск е син на големиот полски народ, а тој од денеска ќе биде татко на големата Унија“, изјави досегашниот претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, во кус говор за време на примопредавањето на должноста.
Туск ги возвратил комплиментите, нагласувајќи дека тој е „еден од големите обожаватели на Херман ван Ромпуј, личноста која ја извлече Унијата од бурата“.
Поранешниот полски премиер истакнал четири предизвици кои го чекаат на новата функција: заштита на европските вредности, како што се единството, слободата и солидарноста против „внатрешните и надворешните“ закани за Унијата, потоа развој на економската и монетарната унија, зајакнување на улогата на ЕУ во светски рамки, која заедно со САД го чини „`рбетот“ на демократската заедница, како и совладувањето на економската криза.
Должноста претседател на Европскиот совет беше воведена со Лисабонскиот договор, а нејзината улога е во подготвувањето и претседавањето со состаноците на шефовите на државите или владите на 28-те земји членки, кои се состануваат најмалку четири пати годишно.
Оваа функција стапи на сила на 1-ви декември 2009-та година, заедно со стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, а претседавањето на Ван Ромпуј беше обележано со должничката и финансиската криза, додека, пак, Туск го дочекува украинската криза и можноста Велика Британија да ја напушти ЕУ.
Туск е роден на 22-ри април 1957-та година во Гдањск, каде на тамошниот универзитет студирал историја. Во 1980-та година Туск станува дел од синдикатот Солидарност, кој најмногу придонесе за падот на комунистичкиот режим во Полска.
Туск доаѓа со искуство како најдолговечен премиер во посткомунистичка Полска, а на оваа должност беше седум години, а се до неговото стапување на власт просечната полска влада траеше околу 13 месеци. Се смета дека тој е голем сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел, со која го врзува долгодишното пријателство. Како премиер, Туск беше еден од најгласните критичари на руската политика.
„За Путин и денешна Русија, Европската унија е проблем. Ние мора да разбереме дека се наоѓаме до момент во кој Русија повеќе не е наш стратешки партнер. Русија е наш стратешки проблем“, рекол Туск.
По падот на комунизмот, Туск го основа првото либерално движење во Полска, Либералниот демократски конгрес, со кој во 1991-та година влезе во Парламентот. Во 2011-та година беше еден од основачките на Граѓанската платформа, денешна владејачка партија од десниот центар, на која подоцна стана претседател. Како еден од неговите најголеми недостатоци при изборот за претседател на Европскиот совет се споменуваше слабото познавање на англискиот јазик. По изборите на 30-ти август, тој вети дека до стапувањето на должноста „ќе го совлада“ англискиот јазик, а тоа ветување го исполни и според дадените оценки, тој денес говори англиски сосема добро. Освен англиски, Туск добро говори и германски, а го учи и францускиот јазик./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин