Европа
Донецк веќе не се согласува со федерализација на Украина
Владата на самопрогласената Народна Република Донецк во истоимената источна област на Украина каде што мнозинство е рускојазичното население, веќе не се согласува со федерализација на земјата, изјави премиерот Александр Захарченко.
Ова е првото јавно истапување во овој правец откако во март избувна прорускиот бунт кога источните региони го истакнаа барањето за федерализација на земјата при што регионите би имале поголема самостојноста и властите во Киев не би можеле да ги поставуваат регионалните власти.
„Федерализацијата не ни одговара. Донецката народна република смета само на сопствената независност од Украина… Новорусија веќе не се согласува не само со федерализацијата, туку и со зачувувањето на сегашната Украина како таква“, изјавил Алеснадр Захарченко, инаку етнички Украинец кој од неодамна дојде на чело на бунтовничките власти во Донецк, кого го цитира официјалниот сајт на бунтовниците dnrespublika.info.
Захарченко притоа истакнал дека под никакви услови властите на ДНР не се согласни ниту на примирје, ниту на преговори со Киев. „Во моментов се согласија да преговараат, без разлика дали тоа ќе биде постигнато во Минск, или кусо време по Минск (и тешкиот воен пораз на источниот фронт), во принцип ништо нема да промени. Нема, во крајна линија, преговори што ќе започнат и на нив да е можно да биде постигнато какво и да е примирје, тоа ќе биде кревко и нереално“, рекол Захарченко.
Во вторникот во белоруската престолнина Минск се водеа преговори меѓу земјите од Царинската унија (Русија, Белорусија и Казахстан), Владимир Путин, Александр Лукашенко и Нурсултан Назарбаев, претседателот на Украина, Петро Порошенко, и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон. Средбата особено беше посветена на разгледувањето можности за решавањето на вооружениот конфликт во источна Украина, во кој во текот на четири месеци загинаа повеќе од две илјади луѓе.
Прашањето на федерализација на Украина беше допрено и во саботата при посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Киев. Имено, во интервјуто за весникот Welt am Sonntag објавено токму на денот кога канцеларката Меркел престојува во официјална посета на Украина, нејзиниот заменик Зигмар Габриел, покрај тоа што рече дека е приоритет да се спречи директен воен судир меѓу Украина и Русија, се зазема за воведување федерален систем во Украина, по завршувањето на вооружениот конфликт во источните региони на земјата.
„… Мораме да ја развиеме идејата за процесот на помирување кој би можел да биде покренат по завршувањето на воениот суди во источна Украина. Територијалната целост на Украина може да биде сочувана само доколку нешто им се понуди на регионот со руско мнозинство. Разумен концепт на федерализација изгледа како единствениот начин“, вели во интервјуто германскиот вицеканцелар. Габриел така стана првиот висок германски политичар кој ја понуди федерализацијата на Украина како можно решение на кризата.
Меркел одговарајќи за изјавата на Габриел рече дека Германија го поддржува планот на претседателот Порошенко за децентрализација на власта во Украина, повторно обидувајќи се да ја појасни изјавата на вицеканцеларот за федерализација. „Тоа што ние го подразбираме под федерализација, во Украина го нарекуваат децентрализација. И тоа е она што го сака претседателот. Тоа претставува важен чекор со цел рускојазичното население да почувствува дека и’ припаѓа на Украина. И јас сметам дека тој процес нужно мора да продолжи“, додаде појаснувајќи дека во Украина тоа се поврзува со поголем степен на независност „што во никој случај не го сакаме“.
Во почетокот од бунтот на проруските региони каде над 78 отсто од населението се изјаснува дека рускиот му е мајчин јазик, кој започна откако прозападните власти во Киев го укинаа законот за јазиците со кој рускиот јазик го загуби статусот на официјален, во почетокот бараа федерализација и поголема автономија на регионите каде што се мнозинство. Потоа тие одржаа референдум при што прогласија таканаречен Народни Републики во Донец и Лугaнаск, кои се поврзаа во „државна заедница“ Новорусија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.
Европа
Полска сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години
Полска планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални медиуми и ќе ги направи платформите одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка во интервју објавено денеска, објави Ројтерс.
Владејачката Граѓанска коалиција ќе презентира нацрт-предлог со кој ќе се изрекуваат казни за платформите што остануваат достапни за помладите корисници. Новацка додаде дека законот би можел да стапи во сила на почетокот на 2027 година. „Гледаме последици за менталното здравје на децата и младите, како и пад на нивните интелектуални способности“, рече Новацка, истакнувајќи дека нивото на казните за компаниите сè уште се дискутира.
Неколку европски влади, вклучувајќи ги Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледаа слични ограничувања поради тврдењата дека социјалните медиуми се штетни или предизвикуваат зависност кај малолетниците. Владата на Велика Британија објави во јануари дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија спроведе слични закони во декември.
Иницијативата би можела да ја доведе Варшава во конфликт со американските технолошки компании како „Мета“ или „Икс“ на Елон Маск. Некои од тие компании се спротивставија на ограничувањата откако Австралија воведе забрана минатата година.

