Европа
Џонсон: Лондон нема да се откаже од водечката улога во Европа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/boris20johnson.jpg)
Новиот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон изјавил дека Велика Британија по излегувањето од Европската унија (ЕУ) нема да се откаже од својата водечка улога во Европа, пренесуваат светските агенции.
„Во никој случај нема да се откажеме од водечката улога во Европа“, рекол Џонсон по доаѓањето во Брисел, на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ. Според него, излегувањето од ЕУ не значи и напуштање на Европа.
Поранешниот градоначалник на Лондон од владејачката Конзервативна партија во понеделник присуствува на првиот состанок откако беше назначен на функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, пак, Федерика Могерини во неделата остварила неформална средба со новиот британски министер.
„Могерини е убедена дека Велика Британија треба да ја продолжи својата улога во Европа“, рекол Џонсон и додал дека е задоволен поради тоа што во понеделник ќе разговара со своите европски колеги.
Федерика Могерини позитивно го оценила неформалниот состанок со Џонсон и повторила дека преговорите со Велика Британија нема да започнат се додека земјата не го активира членот 50 од Лисабонскиот договор за излегување од Унијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
(Видео) Маж фрли бомба во бар во Франција: најмалку 12 повредени, шест критично
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-105319.jpg)
Најмалку 12 лица се повредени вчера откако маж фрлил рачна граната во бар во Гренобл, Франција, потврдија претставници на Икс, јавува Анадолија.
Шест од повредените се во критична состојба, соопштија властите.
Attaque à la GRENADE en pleine ville de Grenoble.
Notre pays devient un pays sous développé, rempli de fous qui souvent ne devraient même pas être en liberté et/ou en France.
Soutien aux blessés, on espère qu’il n’y a pas de morts 🙏 pic.twitter.com/EgHQ44NidC
— Alice Cordier (@CordierAlice2) February 12, 2025
Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, го осуди нападот на Икс, изразувајќи солидарност со жртвите и нивните семејства.
Осомничениот, кој наводно побегнал од местото на настанот, се уште не е фатен.
Судот во Гренобл покрена истрага која беше доделена на Одделот за организиран криминал. Детали за идентитетот на осомничениот или можните мотиви се уште не се објавени.
Европа
Кина нуди да организира средба Трамп-Путин без Зеленски, објави Волстрит Журнал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/putin-tramp-ksi.jpg)
Кинеските власти му предложиле на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп Кина да организира средба со лидерот на Кремљ Владимир Путин, објави Волстрит Журнал, повикувајќи се на официјални претставници во Пекинг и Вашингтон.
Според овие извори, кинеските функционери му понудиле на тимот на Трамп, во последните недели преку посредници, да организираат самит меѓу него и Путин и „да го олеснат одржувањето на мирот по евентуалниот прекин на огнот“.
Сепак, се забележува дека таквиот предлог наишол на скептицизам во САД и Европа. Весникот наведува дека причина за тоа е загриженоста за се поблиските односи меѓу Пекинг и Москва.
Изворите тврдат дека кинескиот предлог вклучува самит САД-Русија без учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Белата куќа одби да потврди дали го добила предлогот од Кина. Во исто време, официјален претставник на американската претседателска администрација изјави дека таков план „воопшто не е остварлив“.
Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон изјави дека не знае за таков предлог, но изрази надеж дека „страните ќе работат на деескалација и ќе бараат политичко решение“.
Изворите посочуваат дека кинескиот лидер Си Џинпинг „не сака кинеската помош за завршување на војната да ги загрози блиските односи меѓу Кина и Русија“. Затоа, „кинескиот предлог не вклучува никаква обврска Пекинг да ја намали големата економска поддршка за Москва“.
Трамп и Путин вчера се договорија да започнат преговори за итен прекин на војната во Украина. Истиот ден, министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Шпанија по средбата истакнаа дека не може да се постигне мировен „договор“ за Украина без учество на Киев и неговите европски партнери.
Европа
Клучниот човек на Путин: Украина е блиску до распад
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/putin-narishkin.jpg)
Сергеј Наришкин, директор на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) и претседател на Руското историско друштво, изјави дека Украина е на работ на „неизбежен колапс на државноста“. Наришкин е познат како еден од блиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин и клучна фигура во рускиот безбедносен апарат.
Неговите изјави редовно се усогласуваат со наративот на руската влада, а овој конкретен коментар го пренесе државната агенција ТАСС, позната по промовирањето на официјалните позиции на Кремљ.
На дискусијата на тркалезната маса насловена „Од Харков до Ужхород: Историја на конфликти и територијални компромиси“, Наришкин изнесе тврдења дека Украина „од распадот на Советскиот Сојуз ја пропушти можноста да изгради сопствена државност и наместо тоа се посвети на лично збогатување, поддржувајќи го неонацистичкиот лидер и прифаќање на улогата на ‘ударна игла’ против Русија под водство на англосаксонските господари“.
„Резултатот на сè е катастрофа, а сега падот на украинската државност е неизбежен“, рече Наришкин.
Тој рече и дека територијата на Украина била формирана само за време на советскиот период и дека „пред тоа не постоела како единствена административна единица“.
Сергеј Наришкин долго време важеше за еден од најлојалните луѓе во најтесниот круг на Путин. Тој е на чело на Надворешната разузнавачка служба (СВР) од 2016 година и е познат по промовирањето на ревизионистички поглед на украинската историја, честопати оправдувајќи ги руските дејствија во конфликтот користејќи историски наративи.
Вчера американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се договорија да започнат преговори за итен прекин на војната во Украина. Истиот ден, министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Шпанија по средбата истакнаа дека не може да се постигне мировен „договор“ за Украина без учество на Киев и неговите европски партнери.