Контакт

Европа

Две лица загинаа, а шест се ранети при гранатирање во Луганск

Објавено пред

Најмалку две лица загинале, а шест се повредени за време на гранатирање спроведено од страна на украинската војска врз Луганск на истокот од Украина, соопштила во средата прес-службата на градското собрание на Луганск.

Украинската војска истрелала 13 гранати, кои оштетиле згради и инфраструктурни објекти во градот, се наведува во соопштението, пренесува Итар-Тасс.

 

Областите Донецк и Луганск кои се граничат со Русија, на 11-ти мај одржаа референдум на кој мнозинството избирачи се изјаснија за независност од Украина.

 

Од средината на април, Киев спроведува воена операција во овие области со цел да ја врати контролата над источните територии во Украина.

 

Во воената операција во југоисточните украински области, во која учествуваат оклопни возила, тешка артилерија и авиони, до сега загинаа стотици лица, уништени се голем број објекти, а десетици илјади луѓе ја преминаа границата и избегаа во Русија.

 

По краткото примирје што украинскиот претседател, Петро Порошенко, го објави на 20-ти јуни и кое заврши по десет дена, нападите на украинската војска врз проруските сили на југоистокот од земјата продолжија со засилен интензитет./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Париз ја отвора терасата на Ајфеловата кула

Објавено пред

Од овој викенд посетителите на Ајфеловата кула повторно ќе може да уживаат во пијалак на летната тераса на ова париско обележје.

Кулата беше затворена кон средината на март поради епидемијата на коронавирусот, а беше повторно отворена за посетителите на 25 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Терасата на Ајфеловата кула зафаќа површина од 57 метри и има бар, може да прими од 300 до 350 посетители, а секој четвротк и петок ќе биде организирана забава со диџеј.

Сите посетители мора да носат маски и да го почитуваат физичкото растојание.

Ајфеловата кула обично ја посетуваат приближно седум милиони луѓе годишно, од кои 75 % се странски туристи, но поради моментната состојба, се очекува годинава повеќето посетители да бидат од Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија 94 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа забележани се 94 новозаразени со коронавирус во Австрија.

Како речиси секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија – 45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само во една од деветте покраини, Штаерска, немало новозаразени.

Според Министерството за здравство, во моментот има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за двајца, на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, што е три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови е непроменет и изнесува 706.

Од почетокот на епидемијата на крајот на февруари 18.637 луѓе биле позитивни на врисусот, од кои 16.808 оздравеле.

Прикажи повеќе...

Европа

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Објавено пред

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има втор и трет бран на инфекција со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија Штрек рече дека не очекува оти бргу ќе се развие вакцина против вирусот.

Во блиска иднина тој не гледа напредок во развојот на вакцината и покрај фактот дека огромен број луѓе се вклучени во истражувања во целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.

„Мораме да се помириме со тоа и да правиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај. Секогаш мора да сметаме на појава на нови жаришта, како што беше случајот со Гитерсло, и да бидеме подготвени“, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија4 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ5 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион5 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија6 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион6 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија11 час

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија11 час

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија11 час

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија11 час

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија12 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија12 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион23 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет1 ден

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Досие