Европа
ЕК ја одложи одлуката за визи за Американците и Канаѓаните
Европската комисија во вторникот го одложи носењето на каква и да е одлука за визниот режимм со САД, Канада и Брунеи,и побара од Советот на ЕУ и од Европскиот парламент да покрена расправа и да заземат став за најсоодветните чекори и за тоа да ја известат ЕК најдоцна до 12-ти јули.
Според уредбата на ЕУ од 2001 година, ЕК е должна да донесе одлука за привремено суспендирање на безвизниот режи, за оние земји кои и натаму бараат вози за државјаните на земјите членки на Европската унија. ЕК треба тоа да го стори во рок од 24 месеци од објавувањето во службениот весник на ЕУ дека таа трета земја бара визи за европските државјани.
Евентуалната таква одлука би стапила на сила доколку во рок од четири месеци Советот на ЕУ и Европскиот парламент не вложат приговор. Советот на ЕУ може да блокира таква одлука со гласање со просто мнозинство.
ЕК кон крајот на април 2014 година доби известување за изостанување на реципроцитетот во случаите на Австралија, Брунеи, Канада, Јапонија и САД. Тие информации се објавени во Службениот весник на Европската унија на 12-ти април 2014 година. Изостанувањето на реципроцитетот во случаите на Австралија и на Јапонија во меѓувреме е решено, што значи дека двете држава сега на сите државјани од ЕУ им овозможуваат патување без визи.
Канада во моментов применува визи за државјаните на Бугарија и на Романија, САД за државјаните на Бугарија, Кипар, Полска, Романија и на Хрватска. Брунеи, пак, го применуваат визниот режим и натаму само за Хрватска.
Според механизмот за визен реципроцитет кој го воведоа Европскиот парламент и Советот на ЕУ, доколку трета земја не го укине визниот режи во рок од 24 месеци по известувањето за изостанувањето на реципроцитетот. Комисијата мора да ја провери состојбата и да предложи привремено укинување на визите за државјаните на односните трети земји за период од 12 месеци.
ЕК во вторникот одржа политичка расправа за ова прашање, но не предложи во воведување привремено воведување визи за американските и канадските државјани, туку ги повика ЕП и Советот на ЕУ итно да покренат расправа и да заземат став за најсоодветните идни чекори врз основа на процената на ЕК, како и да ја известат Комисијата за своите ставови најдоцна до 12-ти јули 2016 година.
ЕК во соопштението истакнува дека и самата ЕУ уредба од Комисијата бара да „ги земе предвид политичките, економските и административните последици од запирањето на укинувањето на визите за надворешните односи на ЕУ и за државните членки“.
ЕК додава дека, покрај тоа, во време на носењето на ревидираниот механизам, 21 држава членка потврдиле во изјава дека „пред каков и да е предлог или одлука, релевантните институции на ЕУ се обврзани опширно да ги преиспитаат и ги да земат предвид сите можни неповолни политички последици кои би можеле да се појават по таквите предлози или одлуки“.
ЕК, исто така, проценува дека не постои голема веројатност дека државите членки би можеле да обработат поголем број барања за визи во согласност со Законикот за визи во рок од 90 дена по стапувањето на сила на таквата одлука за барање за виза.
„Уште повеќе, тие барања за визи би можеле да доведат до намалување на бројот на патниците од Канада и САД (како и од Брунеи). Запирањето веројатно би можело да има значителни економски последици, особено за воздухопловната индустрија и да имаат значителен ефект на надворешните однос на ЕУ са двата стратешки партнера“, се наведува во соопштението на Европската комисија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

