Контакт

Европа

ЕК не ги коментира каталонскиот избори

Објавено пред

Европската комисија во понеделникот не сакаше да ги коментира изборите во шпанската покраина Каталонија, на кои сепаратистичките партии освоија мнозинство во регионалниот парламент.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Од принцип не коментираме регионални избори ниту во една држава членка, ниту нивниот внатрешен уставен поредок“, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.

 

Тој рече дека по изборите немало никакви контакти меѓу функционерите на Комисијата и каталонските власти, како ни со централната влада во Мадрид.

 

Коалиција за независност на Каталонија, која остари речиси двотретинско мнозинство на синоќешните избори тврди дека оваа победа и дава мандат а распишување на референдум за отцепување од Шпанија, што владата во Мадрид го оспорува.

 

Европската комисија пред изборите ги предупреди Каталонците дека во случај на сецесија новоформираната држава автоматски ќе престане да биде дел од ЕУ и ќе мора да ја помине целата процедура за пристап, од барање на статус до исполнување на критериуми за членство. /крај/

Европа

Руски товарен брод потона во Средоземното Море, двајца членови на екипажот исчезнаа

Објавено пред

Рускиот товарен брод „Урса мајор“ потона во Средоземното Море меѓу Шпанија и Алжир, а двајца членови на неговиот екипаж се водат за исчезнати, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Бродот потона по експлозија во машинската соба, а 14 од 16-те членови на екипажот беа спасени и донесени во Шпанија, се вели во соопштението на Министерството за печатот.

Прикажи повеќе...

Европа

Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје за учениците поради заканата од Русија, објави „Евроњуз“

Објавено пред

Полска воведе задолжително безбедносно образование за децата во училиштата, кое вклучува обука за ракување со оружје, како и прва помош.

dobivaj vesti na viber

Повеќето земји сакаат нивните деца да бидат што подалеку од оружјето, но ситуацијата во Полска се чини дека е малку поинаква.

Поради близината на фронтот во Украина, но и зголемениот страв од заканите на Москва, полската влада воведе задолжителна обука за огнено оружје за децата во основните и средните училишта.

Деца на возраст од 14 години сега учествуваат во обуката за оружје, која е дизајнирана да ги научи како прецизно да пукаат, но и како да се справат со „воените закани, како и со основите на тактичкото спасување“.

Наставната програма вклучува лекции за тоа како да се состави и расклопи оружјето и како да се подобри точноста на гаѓањето во мета. За да се заштитат учениците, наставата која се одржува во училишните гимназии, наместо конвенционална муниција, се користат ласерски пиштоли.

Под името „Безбедносно образование“ предметот е задолжителен во осмо одделение од основно и прва година во средно училиште, односно за деца на возраст од 14 до 16 години.

Што се однесува до обуката за гаѓање, во основните училишта, барањата вклучуваат теоретска подготовка за безбедно ракување со оружје, објасни полското Министерство за образование во имејл до „Евроњуз“.

„Во средните училишта основната обука за гаѓање со практична компонента ќе се изведува со употреба на безбедни алатки за вежби за гаѓање, како што се огнено оружје, пневматско оружје, реплика на огнено оружје (ASG) или виртуелни/ласерски полигони за стрелање“, додаваат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Бројот на загинати и ранети севернокорејски војници надмина 3.000

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во областа Курск надминува 3.000 луѓе.

dobivaj vesti na viber

„Постојат ризици од испраќање дополнителни војници и воена опрема за руската армија од Северна Кореја и ние ќе реагираме на тоа. Според прелиминарните податоци, бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во Курск надминува 3.000 луѓе“, рече Зеленски на состанок на персоналот, повикувајќи се на извештајот на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Според него, важно е светот да разбере дека ризикот од дестабилизација околу Корејскиот полуостров и во соседните региони се зголемува пропорционално со растот на соработката меѓу Москва и Пјонгјанг, пренесува Укринформ.

„Пренесувањето на искуството од модерното војување и ширењето на воената технологија од Русија е глобална закана. За светот цената за враќање на стабилноста е секогаш многу повисока од цената на ефективен притисок врз оние кои ја дестабилизираат ситуацијата и го уништуваат животот “, рече Зеленски.

Американското Министерство за одбрана на 26 ноември потврди дека најмалку 12.000 војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да ја поддржат војната на Кремљ против Украина.

Русија почна да ги користи севернокорејските војници во офанзивните операции во областа Курск, особено како дел од комбинираните единици на маринци и воздушни сили на Вооружените сили на Русија, наведува украинската агенција.

Британското Министерство за одбрана на почетокот на декември соопшти дека севернокорејската армија претрпела значителни загуби во борбите во областа Курск, каде што е во тек операцијата на одбранбените сили на Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни

Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од...

Македонија4 часа

Одлуката за притвор за Груби останува во важност: Кривичниот суд ја одби жалбата

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. „Кривичниот совет при...

Економија6 часа

Мицкоски најави робусна акција и за покачените цени: Апелирам големите трговски синџири да се преиспитаат, срамота е ова што го прават пред празниците

Вонредни инспекции и робусна акција ќе има во следниот период против девијантното однесување на маркетите, кои на сметка на новогодишната...

Топ7 часа

72-годишна скопјанка загина по удар од возило: била прегазена на раскрсница

Синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,...

Македонија7 часа

(Видео) ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрли вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само...

Македонија8 часа

Мисајловски најави вработувања: В година ќе има оглас за 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети

В година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана,...

Македонија8 часа

По 12 години пауза, Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, објави дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам,...

Регион8 часа

(Видео) Снежно невреме парализира колона возила со 70 лица во БиХ, спасувачката акција траеше 10 часа

Снегот кој непрекинато паѓа повеќе од 24 часа во поголемиот дел од БиХ, денеска предизвика бројни потешкотии во патниот сообраќај,...

Македонија10 часа

СДС и Венко Филипче знаеја, молчеа и го одобруваа криминалот на Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС му слугуваа на ДУИ и на Артан Груби. Тоа го знаат сите и се беше на очиглед на целата...

Македонија10 часа

Храната е прескапа, со ДПМНЕ и Мицкоски граѓаните осиромашуваат, велат од СДСМ

„Храната е прескапа, цените на основните производи вртоглаво се зголемуваат. Освен трговците граѓаните немаат никаква корист од новогошната кошничка. Последните...

Македонија10 часа

Најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени. -2 било во Маврови Анови, -1 во Тетово...

Свет11 часа

Судењето за обидот за атентат врз Трамп е одложено

Американски судија го одложи судењето на осомничениот за вториот атентат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп до септември 2025 година, според...

Свет11 часа

Израел првпат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил...

Европа11 часа

Зеленски: Бројот на загинати и ранети севернокорејски војници надмина 3.000

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во областа Курск надминува 3.000 луѓе. „Постојат...

Свет12 часа

Путин откри дека ќе се сретне со Ал Асад, една работа останува мистерија

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да се сретне со сменетиот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во...

Свет12 часа

Бил Клинтон хоспитализиран

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во...

Македонија13 часа

Забрани за движење товарни возила на неколку патни правци

АМСМ известува дека се воведени забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: · Дебар – Маврово...

Македонија1 ден

Ова беше година на револуционерни реформи, не потклекнавме на обидите за политички притисок, рече претседателот на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на...

Македонија1 ден

(Видео) По тротинети ќе се изнајмуваат и електрични автомобили

Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива...

Македонија1 ден

(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко...