Европа
Екс зетот на казахстанскиот претседател се обеси во затвор во Виена

Рахат Алиев, поранешниот зет на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев обвинет во татковината за убиство, си го одзема животот во затворот во Виена, објави затворската управа во вторникот.
Рахат Алиев, кој своевремено беше амбасадор на Казахстан во Австрија, бил пронајден обесен во затворската ќелија во којашто бил сам, во 7.20 часот по локално време, се истакнува во соопштението на затворска управа, пренесе австриската новинска агенција APA.
Алиев, политичар и контроверзен бизнисмен, во јуни 2014 година доброволно им се предаде на австриските власти коишто го сомничат за убиство и грабнување. Судот во среданоазиската држава поранешна советска република Казахстан, го осуди за убиство на двајца банкари чие грабнување беше пријавено во 2007 година а беа пронајдени мртво во 2011 година.
Австрија досега двапати одби да го испорача, оценувајќи дека во татковината не би имал праведно судење. Во јули 2011 година австрискиот суд покрена истрага против Алиев кој во меѓувреме замина на Малта.
Алиев тврдеше дека е жртва на политички прогон, бидејќи покажал амбиции да стане казахстански претседател и го критикувал долгогодишниот претседател Нурслутан Назарбаев./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин