Европа
Експерти: Необјасниви постапки на екипажот на урнатиот 4U9525
Авионот „Airbus A320“ на летот од Барселона до Диселдорф се спуштал умерено и летал линеарно, директно во планината, изјавуваа во средата воздухопловни експерти вџашени од необјаснивото за нив однесување на пилотите кои заедно со 144 патници и уште четворица членови на екипажот, во вторникот се урнаа во Алпите во јужна Франција, а теориите за причината за трагедијата се множат од технички дефект, преку грешка на пилотите до можен терористички акт.
Ниедна од хипотезите во овој момент не е исклучена, грешка на пилотот, технички недостиг, терористички чин, изјави францускиот премиер Мануел Валс. Генералната управа за цивилно воздухопловство истакнува дека екипажот не испратил повик „мејдеј“, што е вообичаено во случај на несреќа.
Авионот се спуштал со умерена брзина од 3.000 стапки во минута, според првичните податоци, а тоа не упатува на итно спуштање кога брзината изнесува 5.000 стапки во минута, пишува францускиот портал Le Point. Авионот останал на својата хоризонтална траекторија. Го продолжил својот план на летото, освен што ја променил висината, покажуваат податоците на серверите на порталот Filghtradar24, кој ги бележи податоците за летовите во реално време.
„Значи, да се оди директно на планините нема никаква смисла. Тоа е ненормален потег на професионални пилоти или, пак, изостанување на реакција“, изјави за агенцијата AFP, капетан од една голема воздухопловна европска компанија, кој сакал да остане анонимен. Се поставува, меѓу стручњаците, прашањето зошто пилотите се однесувале во најмала рака невообичаено или зошто не реагирале. „Доколку пилотите не спречиле авионот да се залета во планините, или биле без свест или мртви, или одлучиле да умрат или биле преморени“, смета друг европски воздухопловен експерт.
Една од хипотезите е постепеното опаѓање на притисокот и неефикасноста на маската за кислород. „Во тој случај, пилотите брзо би паднале во состојба на хипоксија (намелено снабдување на мозокот со кислород)“, сметаат неколку пилоти и истражители од француското Биро за истраги и анализи (BEA).
Притоа се потсетува на несреќата на авионот „Boeing 737“ на кипарската компанија „Helios“ на 14-ти август 2005 година, кога загина 121 човек. На денот на несреќата, механичарите го тестирале притисокот и ја заборавиле рачката со која притисокот се враќа во автоматска позиција. Во текот на искачувањето на авионот притисокот не се нормализирала и кислородот почнал да недостига. Пилотите се онесвестиле. Авионот кој бил ставен на автоматски пилот се урнал откако ги потрошил сите резерви на горивото. Пилотите на воените ловци кои го следеле, можеле само немоќно да го гледаат трагичниот крај на овој лет.
Засега не може ниту да се исклучи ниту можноста од самоубиство на пилотот, кој во тој случај морал да го неутрализира својот колега или, пак, можело да интервенира трето лице во кабината. Затоа експертите се неподелени во тврдењето дека клучно е да се прегледаат податоците од ткн „црната кутија“ којашто е пронајдена во вторникот.
Но што може се да открие „црната кутија“?! Податоците од „црната кутија“, којашто ги регистрира разговорите во пилотската кабина (Cockpit voice recorder, CVR), може да даде многу податоци, дури и доколку е оштетена.
„Оштетена не значи и дека е неупотреблива. Мемориската картичка, слична на онаа каква што има на компјутерите, особено е добро заштитена. Таа картичка е корисен дел од CVR. Можно е ‘црната кутија’ да е многу оштетена, меѓутоа картичката е цела. Заштитена е така да издржува крајно екстремни удари“, истакнува Жан-Пол Троадек, поранешен директор на BЕА.
Дури и доколку врските се прекинати, BEA има можност сето тоа повторно да го поврзе. „Може да се дознае кој командувал, дали капетанот бил сам во кабината или не. Дали имало и други лица освен пилотот и копилотот. Можно да се слушне и нивниот разговор“, вели Троедак.
Уредот CVR ги регистрира и другите звуци во пилотската кабина, како отворањето и затворањето на вратата до кабината, па дури и звуци од разни копчиња, рачки лостови. Сите тие звуци и кликови може да им дадат на експертите драгоцени информации да разберат што се случувало. Би можело, исто така, да се слушне и некој аларм, з апожар, за паѓање на притисокот и слично.
Можна е и терористичка трага! Германската влада уште во вторникот објави дека нема конкретни показатели за сомневање во тероризам.
Експертите, повикувајќи се на изјавите на очевидци потврдиле дека авионот при понирањето бил цел, и за AFP рекле дека оттаму нема многу поткрепа хипотезата за терористички напад.
Додека остатоците од авионот се концентрирани во една зона, голема е веројатноста дека несреќата е последица на атентат со експлозија. Доколку, пак, авионот експлодирал во лет, неговите делови се раштркани во опсег од неколку километри, како што беше случај сои авионот на ‘Malaysia Airlines’ кој се урна во Украина“, изјави Хејке Бирленбах, потпретседателка на компанијата „Lufthansа“ за порталот Le Point.
Додава дека не може ниту да се отфрли и тезата за грабнување на авионот, што завршило со падот. „Меѓутоа, засега сметаме дека тоа било несреќа и дека сето друго би претставувало шпекулација“, заклучува Бирленбах./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

