Европа
Естонија ни по четврти пат не избра претседател
Ниту специјалниот изборен колегиум кој требаше да го избере претседателот на Естонија, откако на парламентот тоа не му успеа трипати, не можеше во саботата да постигне конечен исход.
Претстои втор круг на гласање во кој ќе учествуваат поранешниот еврокомесар Сиим Калас, од Реформската партија која е на власт, и независниот адвокат Алар Јокс.
Двајцата кандидати добија најмногу гласови од петте претенденти на тајното гласање на изборниот колегиум кој има 335 членови. Јокс освои 83 гласа, а Каллас 81. Еден од двајцата мора да добие апсолутно мнозинство за да биде избран за претседател.
Доколку колегиумот во кој има 101 пратеник во парламентот и 234 политичари не успее на едниот кандидат да му даде апсолутно мнозинство, во следните две седмици мора да се одржи нов круг гласање во парламентот.
Поради недостиг од консензус меѓу естонските партии, во трите круга од гласањето во парламентот во август немаше резултати.
Претседателската должност во оваа балтичка земја членка на Европската унија и на НАТО, е главно протоколарна. Вториот и последниот уставен петгодишен мандат на актуелниот претседател Томас Хендрик Илвесму истекува во октомври./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

