Европа
ЕУ ја критикува руската ‘црна листа’ за европски фунцкионери
Европските функционери ја критикуваа во саботата „црната листа“ со имиња на 89 европски политички и воени функционери на коишто им е забранет влезот во Русија, како одговор на соодветната листа што Брисел ја има за руски државјани, што ја разлути Европа и се чини ќе го разгори конфликтот меѓу Западот и Русија започнат со конфликтот во Украина.
Европските функционери ја критикуваа во саботата „црната листа“ со имиња на 89 европски политички и воени функционери на коишто им е забранет влезот во Русија, како одговор на соодветната листа што Брисел ја има за руски државјани, што ја разлути Европа и се чини ќе го разгори конфликтот меѓу Западот и Русија започнат со конфликтот во Украина.
Русија изминатите месеци спречи влегување на своја територија на неколкумина европски политичари, повикувајќи се на доверлива листа кој од свои принципи не ја објави, но ја достави до амбасадите на европските држави во Москва.
Имињата на лицата од списокот кои се прогласени за непожелни во Русија почна да се појавуваат во петокот, откако неколку дена претходно руските погранични власти не му дозволија влегување во земјата на германскиот конзервативен пратеник Карл-Георг Велман, претседател на германско-украинската група за пријателство во Бундестагот (германскиот парламент).
Агенцијата Reuters во саботата објави дека станува збор за листа со имињата на 89 европски политичари и воени функционери, кои се познати како критичари на наводната руска улога во рускојазичниот исток на Украина. Според Reuters, кој имал увид во списокот, него го составило руското министерство за надворешни работи и претходно седмицава ја испратило до Делегацијата на Европската унија во Москва.
„Руските власти одлучиле да ја поделат листата. Немаме никакви информации за правната основа, критериумите и постапката“, рекла за агенцијата една од портпаролките на европската дипломатска служба, без да се задржи на правната заснованост на европската „црна листа“.
Европската унија, инаку, воведе санкции со забрана на патување на нејзина територија и со замрзнување на имотите за 151 Русин и Украинец, за кои оцени дека се виновни за присоединувањето на Крим на Русија и за поддршка на рускојазичните бунтовници во источна Украина.
Данската агенција Ritsays објави дека на листата се наоѓаат четворица дански државјани. Станува збор за двајца поранешни министри за надворешни работи Пер Стиге Мелер Лен Есперсен, како и за шефот на военото разузнавање Томас Аренкиеле и челникот на крајната десна Партија на Данците, Даниел Карлсен.
Шведските медиуми објавија дека на осум шведски политичари им е забранет влезот во Русија . Меѓу нив се, европарламентарците Ана Марија Кораца и Гунар Хекмарк, шефот на военото разузнавање Гунар Карлсон, военото аташе на ШВедска во ЕУ и НАТО, ОД Верин, поранешниот министер за култура и пратеничката Лена Аделсон-Лилерут и Мариета де Пурбе-Лундин, портпаролот на Агенцијата за извршување санкции Ева Адлер Линдстром и челникот на неонацистичката организација Шведско движење на отпорот, Магнус Седерман.
Според изјавата за телевизијата CBT на портпаролот на шведското министерство за надворешни работи, Стокхолм веќе испратил барање до руската дипломатија за објаснување на вклучување на државјаните на Шведска на „црната листа“. Според портпаролот Ерик Буман, засега не е добиен одговор. „Министерството за надворешни работи на Шведска се обрати до амбасадата на Руската Федерација, за објаснување зошто овие лица се на списокот. Уште не добивме разјаснување и продолжуваме да го чекаме“, рекол.
Според финската национална телевизија, на списокот се и либералот и поранешен белгиски премиер Хи Верхофстад, како и поранешниот полски премиер Јержи Бузек. На листата е вклучен и заменикот на британскиот премиер Ник Клег, поранешниот еврокомесат за проширување Штефан Фуле и францускиот интелектуалец и активист Бернар-Анри Леви.
Во петокот финскиот дневен весник Helsingin Sanomat, објави дека на финската европратеничка Хајди Хаутала ѝ е забранет влезот во Русија. Претставник на тамошното министерство за надворешни работи рекол дека во четвртокот листата им била предадена на финските власти, и притоа руската страна не објаснила дали на списокот имало и други лица, рекол портпаролот Веса Хјакинен.
Хаутала, од своја страна изјави дека не знае по која основа ѝ е забранет влезот во Русија, но додаде дека тоа за неа „не претставува изненадување“. „Претпоставувавме дека таква листа постои“, рече.
Холандскиот весник Alhemein Dahblad, повикувајќи се на соопштение на тамошното министерство за надворешни работи, објави дека на листата се наоѓаат тројца холандски пратеници, без да ги наведе имињата. Претходно во петокот, холандскиот премиер Марк Руте изјави дека „Руската листа не се темели на меѓународното право, не е транспарентна и не може да биде оспорена на суд“. Весникот коментира дека Москва во четвртокот го испратила списокот до претставници на европски земји во холандската амбасада „како одговор на санкциите на ЕУ“. Од своја страна, германските весници Bild и Frankfurter Allgemeine Zeitung тврдат дека на „црната листа“ од 89 дипломати и воени функционери, има осум државјани на Германија. Според нив, станува збор, покрај Велман, за заменикот претседател на пратеничката група во Бундестагот на владејачката унија CDU/CSU, Михаел Фукс, европратениците од германските Зелени Ребека Хармс и Даниел Кон-Нендит, генералниот секретар на Советот на ЕУ, Уве Корзепиус, државниот секретар во министерството за одбрана Катрин Зудер, членот на CSU Бернд Поселт и командант на германските воздухопловни сили, генерал потполковникот Карл Милер.
Запрашан за споменатата листа, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој се наоѓа во неколкудневна посета на Украина, рече дека таа ќе му наштети на мировниот процес во источна Украина. „Во време кога се обидуваме да решиме опасен судир, ова не придонесува кон таа цел“, изјави шефот на германската дипломатија, пренесе агенцијата DPA.
Берлин побара дополнително појаснување од Москва за да „луѓето на коишто им е забранет влез во Русија и за да им помогне да покренат соодветни правни активности“, објави германското министерство за надворешни работи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

