Европа
ЕУ на земјите членки им одобри испорака на оружје на Ирак

Европската унија не успеа во вторникот навечер да се договори за заедничко испраќање оружје на ирачките Курди кои се борат против џихадистите од Исламската држава, но на своите земји членки им одобри поединечно да ги вооружуваат Курдите во координација со ирачките власти во Багдад.
Европската унија не успеа во вторникот навечер да се договори за заедничко испраќање оружје на ирачките Курди кои се борат против џихадистите од Исламската држава, но на своите земји членки им одобри поединечно да ги вооружуваат Курдите во координација со ирачките власти во Багдад.
Челникот на ирачките Курди уште во неделата побара од меѓународната заедница да ги вооружи Курдите во полуоватномната покраина во северен Ирак за да можат да се спротистават на исламистичките милитанти кои последните месеци заземаа големи територии во северот од државата и опасно му се приближија на Ербил, главниот град на курдската покраина.
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ на вонредната седница посветена на кризите во Ирак, Украина и во Газа дадоа зелено светло за европските држави да испраќаат пратки со оружје на Курдите, но под одредени услови.
„Амбасадорите го примија до знаење итното барање на курдските регионални власти до некои европски држави за воена помош, и ја истакнуваат потребата таквите барања да бидат разгледани во тесна координација со ирачките власти, изјави портпаролот на високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.
Дипломатите соопштиле и дека некои земји од ЕУ се спротиставуват на испраќање на оружје, што значи дека не било можно да се постигне консензус по ова прашање, но тие земји не можат да ги спречат другите кои сакаат да им испратат оружје на Курдите.
Како што наведуваат дипломатите, меѓу земјите ко исе заземале за испраќање оружје на ирачките Курди, меѓу другите најгласни биле Франција, Италија и Чешка./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин