Европа
ЕУ сака да ги оневозможи руските ‘дезинформации’ за Украина
Европските челници од високата претставничка занадворешни работи на Европската унија, Федерика Могерини, следната седмица ќе побараат изработка на планот за борба против руската „кампања за дезинформации“ околу судирот во Украина, се покажува од нацрт заклучоците за скорешниот самит на ЕУ пишува Reuters.
Учесниците на самитот на Европската унија, кој ќе се одржи на 19-ти и 20-ти март, ќе ја задолжат шефицата на дипломатијата Федерика Могерини, до следниот самит во јуни, да смисли начин за ефикасна поддршка за слободата на медиуми и европските вредности во Русија. Минатата седмица и американскиот Конгрес донесе одлука за издвојување на десетици милиони долари за справување со „руското дезинформирање“ за случувањата во Украина.
„Европскиот совет ја нагласува неопходноста од спротиставување на актуелните кампањи за дезинформирање кои ги спроведува Русија и ја повикува високата претставничка …. да до јунскиот Европски совет подготви акциски план за стратешките комуникации со цел да се поддржи слободата на медиумите и европските вредности“, се наведува во нацртот.
„Се поздравува воспоставувањето на комуникацискиот тим како прв чекор во таа насока“, се наведува уште во нацртот во кој увид имал Reuters.
Дипломатите во ЕУ сметаат дека Унијата ќе мора да изнајде начин да им се спротистави на руските интерпретации во самата Русија, но и во западноевропските земји како и што се Германија и руските сосед, членките на ЕУ со значително руско малцинство, како што се балтичките земји./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: оштетени се резервоарите за гориво, гори складиште за нафта
Украинците извршија напади со беспилотни летала врз Русија ноќеска. Пожар избувна во нафтено складиште во регионот Тамбов, а резервоарите за гориво беа оштетени во регионот Воронеж.
Евгениј Первишов, гувернер на регионот Тамбов, изјави дека остатоци од дрон паднале врз зграда во населбата Дмитриевка, предизвикувајќи пожар во нафтено складиште. Первишов не спомена жртви, но потврди дека противпожарните служби и полицијата се испратени на местото на настанот.
Russian Telegram channels report a drone attack on oil depots in Tambov and Voronezh regions of Russia last night.
In Tambov, the airspace was closed for almost the entire night. The "Cover" emergency airspace-closure protocol was also activated at airports in Russia's Oryol,… pic.twitter.com/Dp5VyUtg4M
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 3, 2025
Властите во регионот Воронеж, исто така, пријавија напад со беспилотни летала и последователна штета. „Четири беспилотни летала беа откриени и уништени на небото над Воронеж и два округа од регионот. Немаше жртви. Неколку резервоари за гориво претрпеа помала штета како резултат на падот на соборениот дрон во еден округ. Немаше пожар“, изјави Александар Гусев, гувернер на регионот Воронеж.
Украинските и руските канали на Телеграм споделуваат снимки што ја прикажуваат експлозијата и пожарот во регионот Тамбов.
Европа
Шефот на украинската војска: Охрабрувачки информации доаѓаат од Купјанск
Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, изјави дека украинските сили значително ја подобриле својата тактичка позиција во градот Купјанск во Харковскиот регион.
„Работев со единиците на групата за пребарување и удар и тактичката група Купјанск. Беше одржан суштински разговор со командата на групата за пребарување и удар. Разговаравме за мерките за стабилизирање на ситуацијата во областа Купјанск. Слушнав извештаи за оперативната ситуација. Информациите се охрабрувачки.
Нашите единици успеаја значително да ја подобрат својата тактичка позиција директно во градот. Рутите што ги користат непријателските саботажни и извидувачки групи за инфилтрација се блокирани. Во тек е операција за расчистување на руските окупатори во Купјанск. Нивните единствени „успеси“ се во областа на пропагандата“, рече Сирски.
Тој тврди дека украинските сили сега работат на „постепено оттурнување на непријателот од неговиот мост северно од градот, како и од голем број други области каде што руските сили сè уште одржуваат присуство“. Сирски претходно објави дека продолжува работата за идентификување на руските војници кои „се инфилтрирале низ украинската одбрана“ во Купјанск.
На 21 ноември, рускиот претседател објави дека руските сили целосно го освоиле градот Купјанск и ја предупреди Украина дека ситуацијата таму наводно може да се повтори и на други места. Ова тврдење беше демантирано од Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не спровела никакви успешни офанзивни операции на фронтовските линии во последните недели. „На пример, нашите сили имаа поголем успех на Купјанскиот фронт. Иако Русија тврди дека го освоила Купјанск, ние речиси целосно го исчистивме градот од нивните сили“, рече Зеленски.
Патем, Купјанск е стратешки важен град во Харковската област бидејќи се наоѓа на раскрсницата на клучните транспортни патишта, вклучувајќи ја и железничката мрежа што ја поврзува Русија со источна и јужна Украина. Руските сили го освоија на почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, но украинските трупи го вратија подоцна истата година.
Европа
(Видео) Уште едно фијаско на најсмртоносното оружје на светот на Путин
Руската интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, попозната како „Сатана II“, доживеа уште еден неуспешен тест. Хиперсоничниот проектил, честопати опишуван како најсмртоносното оружје на светот и способен да носи нуклеарни бојни глави, експлодира и се урна само неколку секунди по полетувањето од полигонот „Јасни“ во рускиот регион Оренбург, објавија странските медиуми.
The Sarmat ICBM had a failed launch. So much for Russia’s so-called wonder weapon. They’d end up blowing themselves up. pic.twitter.com/Pvbun7AYRq
— PaulC (@PaulConRO) November 29, 2025
„Сармат РС-28“ наводно скршнал од курсот исфрлајќи црни облаци од чад пред огнените остатоци да се срушат на земјата. Ракетата се урнала во близина на лансирната рампа создавајќи огромна огнена топка и исфрлајќи необичен чад во небото.
Ова е петтиот неуспешен тест лет за стратешката ракета, што ѝ предизвикува главоболки на Москва. Да потсетиме дека за време на претходниот тест во септември 2024 година ракетата експлодира во космодромот „Плесецк“, речиси 800 километри северно од Москва, оставајќи зад себе огромен кратер.

