Европа
ЕУ со помош за Франција и Британија во справувањето со мигрантската криза

Европската комисија (ЕК) им понудила помош на Франција и Британија во решавањето на кризата со мигрантите, кои настојуваат илегално да влезат во Британија преку Евротунелот.
Од ЕК соопштиле дека на Франција ќе и го испратат првиот дел од финансиската помош во вредност од 20 милиони евра, помалку од еден ден по новиот обид на околу 600 мигранти да влезат во тунелот, јавува AFP.
Британија пак веќе добила помош од 27 милиони евра. За време на минатиот месец мигрантите во Кале се обидоа да го искористат штрајкот на француските пристанишни работници за да стигнат до Британија.
Многумина се обидуваат да влезат во Британија поради тоа што говорат англиски, имаат семејни врски таму или пак сметаат дека имаат подобра шанса за да најдат работа.
Франција и Британија во четвртокот постигнаа договор за да ги зголемат напорите во обезбедувањето на пристаништето и тунелот под Ламанш, во обид да ја сопрат илегалната миграција.
Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос изјави дека наведените сум на помош за Франција и Британија се дел од вкупниот износ од 266 милони наменети за Франција и повеќе од 370 милиони за Британија, во периодот од 2014-та до 2020-та година.
ЕК на двете држави им понуди и техничка помош, вклучувајќи помош во процесот на барањето на азил преку својата агенција Фронтекс, која би можела да помогне во идентификацијата и регистрацијата на мигрантите, во соработка со земјите од каде што потекнуваат мигрантите и низ кои транзитираат, како би се забрзала постапката на издавање на патни исправи за нивно враќање и заеднички би се финансирало тоа враќање./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции додека се обидуваше да се упати од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.
Европа
Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Двата дрона што ги уништија руските противвоздушни единици летаа кон Москва, изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“, напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал.
„Го кажувам ова со самокритика – задачата е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година. Не сме само во период на економска слабост, туку сме во структурна криза на нашата економија“, рече Мерц во саботата за време на говорот во северниот германски град Оснабрик.
Податоците објавени во петокот покажаа дека германската економија се намалила повеќе отколку што првично се проценувало во вториот квартал. Економската активност во Германија се намалила за 0,3 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, пад што е за 0,2 процентни поени посилен од оној што го покажа прелиминарната проценка.
„Никој не треба повеќе да има илузии за тоа колку се длабоки и далекусежни предизвиците со кои се соочуваме“, им рече Мерц на членовите на неговата партија Христијанско-демократска унија (CDU) во Долна Саксонија, покраината каде што е седиштето на производителот на автомобили „Фолксваген АГ“.
Тој го посочи падот од 36% на профитот по оданочување на „Фолксваген“ во вториот квартал како само „една од многуте пораки“.
„Големи делови од нашата економија повеќе не се конкурентни, а тоа е прашање на ценовна конкурентност“, предупреди Мерц, без да ги именува компаниите.
„Квалитетот е сè уште добар и раководителите на компаниите ги препознаваат овие предизвици. Но, основните услови во Германија едноставно не беа доволно добри во последната деценија“, додаде тој.
Откако ја презеде функцијата оваа година, Мерц вети сеопфатни реформи насочени кон намалување на бирократијата, модернизирање на инфраструктурата и зголемување на домашната побарувачка. Неговата влада планира да инвестира стотици милијарди евра во патишта, мостови и вооружени сили за да ја зголеми продуктивноста.
Во саботата, тој ги истакна новите даночни олеснувања за деловните инвестиции и го повтори своето противење на зголемувањето на даноците за средните компании. Тој, исто така, призна дека американската царина од 15% за германскиот извоз би била товар за економијата, но предупреди дека отворената трговска војна со Вашингтон би можела да биде многу полоша.
фото: принтскрин